Голема „правосмукалка“ го чисти воздухот и го претвора смогот во накит

15.10.2015 02:55
Голема „правосмукалка“ го чисти воздухот и го претвора смогот во накит

Соработката на група холандски истражувачи и дизајнерни резултираше со изградба на седум метри висока кула во еден парк во Ротердам. Лесно би можеле да помислиме дека станува збор за уметничко дело, но кулата всушност го прочистува воздухот. Таа може да вшмука повеќе од 28.000 метри кубни воздух секој час.

Дизајнерот Даан Розгард вели дека кулата може да направи значајна разлика во малите населби со отстранување на штетните честички од воздухот. Честичките помали од 10 микрометри можат да ги оштетат белите дробови, а нивото на тие честички може да стане опасно во многу градови во светот. Познато е дека Пекинг мораше да го ограничи користењето на автомобилите за да го одржи квалитетот на воздухот на разумно рамниште.

Кулата ги отстранува честичките со јонизација. На врвот има вентилациски систем кој се придвижува со енергија од ветер. Воздухот се вшмукува и влегува во комората во која честичките добиваат позитивен набој. Јонизираните честички се врзуваат за приземјените електроди во комората, а чистиот воздух излегува од отворите на кулата. Овој процес не произведува озон како другите јонски прочистувачи на воздух, затоа што го користи честички со позитивен наместо негативен набој. Честичките од смог задржани во филтрите на кулата подоцна се користат за изработка на накит.

Постои голем интерес за изградба на поголем број кули во Мексико, Париз и Пекинг. Розгард планира да ја претстави идејата во разни градови и се надева дека ќе привлече внимание, но негова крајна цел е свет на кој не му се потребни кули за борба против смогот.

Извор: studioroosegaarde.net