Креативни ламби кои создаваат неверојатни светлосни ефекти

29.10.2015 15:20
Креативни ламби кои создаваат неверојатни светлосни ефекти Неверојатни

Полскиот уметник Чемек Кравчински со години ги претвора сувите тикви во комплексно изрезбарени, рачно изработени светилки.

Овие уникатни скулптури се убави и преку ден, но стануваат вистински волшебни во темнина, кога светлината сјае низ илјадниците мали дупчиња создавајќи прекрасни светлосни ефекти во собата.

Кравчински е целосно самоук уметник, а со изработка на ламби првпат експериментирал во 2009 година. Една година подоцна одлучил да ја напушти својата работа во архитектонското студио за целосно да ѝ се посвети на својата креативна страст.

Отпатувал во Сенегал каде што ја купил првата сува тиква која станала неговиот главен алат. Оттогаш, тој создал многу вакви прекрасни ламби. Со оглед на тоа дека самото овошје ја одредува формата, секоја ламба е уникатна. По процесот на сушењето ламбите се продупчуваат, декорираат и врамуваат. За изработка на една ламба му биле потребни околу 2-4 месеци, и никогаш не направил две исти.


Извор: pixelizam.com