Бетон и секс

21.11.15 20:13

Во книгата со наслов „Бетон и Секс“, фотографот Саша Курмас сопоставува голи фигури наспроти урбани и индустриски сцени од пост-советски Киев.

На прв поглед, можеби не изгледа дека сликите имаат многу заеднички нешта, освен сличните тонови на бетонот и кожата. Едната страна прикажува мрачни хоризонти и цврсти фасади на студени бетонски и трошни згради. Другата страна нè вовлекува навнатре, во интимните моменти на топлина, голи тела и телесен израз.

Со спојувањето на овие слики, Курмаз мајсторски ги претвора нивните емоционални и политички сличности во ослободување. И двете резонираат со чувство на отуѓување и потреба за поврзување. Телата (со нивните скриени лица) и зградите кои стануваат пејзажи на изгубени соништа, создадени и уништени од општествените и политичките услови кои ги обликуваат.


Сепак, постои нешто повеќе од пустошот во овие спротивставености. Со споредување на еротските слики со уништените урбани простори, главната идеја на „Бетон и Секс“ одекнува со суптилен отпор, мирен протест против системот кој го лишува поединецот од моќ, а животот, од значењето и убавината.


Извор: beautifuldecay.com

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око / Историја
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото