Најубавото самоубиство: страшна смрт, бесмртна фотографија

08.01.2016 17:12
Најубавото самоубиство: страшна смрт, бесмртна фотографија

Оваа моќна фотографија која ја направил фотографот Роберт С. Вајлс, на 12 мај 1947 година била објавена како слика на цела страна во списанието Life. Под неа стоел следниот наслов: „Под Empire State Building, телото на Евелин Мекхејл мирно почива во гротескна носилка. Нејзиното кревко тело, по силниот удар лежи на кровот на еден автомобил“. Евелин Мекхејл е веројатно најпознатата самоубиствена жртва на Empire State Building.

Во 1947 година, младата и убава Евелин скокнала од опсерваторијата на 86-от кат и паднала на покривот на лимузината на Обединетите нации паркирана на улицата. Нејзиниот смирен елегантен изглед, нозете прекрстени на глуждовите, начинот на кој металот на автомобилот се свиткал како чаршав и ја врамил нејзината глава и рацете... Можеби затоа смртта на Мекхејл била насловена како „најубавото самоубиство“. Кога починала, ги носела нејзините бисери и бели ракавици.

Родена на 20 Септември, 1923, заедно со седумте браќа и сестри, живееле во Вашингтон. Мајката на Мекхејл го напуштила домот и нејзините родители се развеле. Нејзиниот татко, банкар, го добил старателството за сите деца. По завршувањето на средното училиште, Мекхејл се приклучила на женската армија (WAC) и била стационирана во Џеферсон, Мисури.

Успеала да стигне до Њујорк, каде што работела како сметководител и живеела тивок живот со нејзиниот брат и снаа во Болдвин, Лонг Ајленд. Таму го сретнала својот свршеник Бери Роудс, студент на колеџот во Пенсилванија, тукушто отпуштен од воздухопловните сили на американската војска, и била деверуша на свадбата на помладиот брат на Роудс.

На 30 април 1947 година, Евелин се качила во воз од Њујорк до Истон, да го посети Бери за неговиот 24-ти роденден. Се чинело дека сè е во ред во односот на двојката. Следниот ден пред да се разделат Бери ја бакнал својата свршеница, по што таа се качила на возот во 7 часот наутро на станицата Пен. „Кога ја бакнав пред да се разделиме, се чинеше дека таа е среќна, како што е и секоја девојка која наскоро треба да се омажи.“ Нивната свадба требало да се одржи тој јуни, во домот на братот на Бери во Трој, Њујорк.


Околу 10 часот и 40 минути, патролниот полицаец Џон Морисеј, кој тогаш го насочувал сообраќајот на улицата со број 34 и Петтата авенија, забележал бел шал кој лебди надолу од горните катови на зградата. Неколку минути подоцна тој слушнал удар и ја видел толпата која се собрала на 34-тата улица. Евелин скокнала и паднала директно на покривот на една лимузина во сопственост на Обединетите нации паркирана на улицата, околу 200 стапки западно од Петтата авенија

Студентот на фотографија кој се нашол на улицата отспротива, Роберт С.Вајлс, го слушнал силниот удар, па и тој притрчал кон местото на настанот. Случајно го носел својот апарат и ја фотографирал додека таа лежела на покривот на смачканиот автомобил. Евлин починала четири минути откако паднала, но и покрај 1050-метарскиот пад, нејзиното тело изгледало непроменето.

Неверојатно е тоа што на Евелин не бил видлив апсолутно никаков доказ за траума и изгледала сосема спокојно, како да спие. Сепак, свитканиот лим и скршеното стакло околу неа биле јасни насилни и деструктивни докази за нејзиниот скок. Оваа очигледна спротивставеност е она што ја прави сликата толку трогателна и незаборавна.
Шеесет години подоцна, фотографијата направена веднаш по самоубиството на 23-годишната Евелин Мекхејл останува прогонувачко и влијателно парче од сферата на фото-новинарството.

Извор:m.thevintagenews.com
 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото