1013 hPa
35 %
20 °C
Скопје - Пет, 26.04.2024 14:15
Радио Слободно Скопје е уметнички проект на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ, кој започна како 6-дневен радио-проект од 27 октомври 2015. Во текот на времетраењето на овој проект се емитуваше програма со различни содржини од кои 20 часа беа продуцирани специјално за овој проект. Мобилната/монтажна галерија во Паркот на франкофонијата беше трансформирана во објект - радио приемник, а внатрешноста на галеријата претворена во студио.
Проектот е реализиран во соработка со Центарот за современи уметности од Скопје и Радио МОФ.
Од неодамна, Радио Слободно Скопје повторно започна со емитување на 4-часовна програма, секој понеделник. Деталите за програмата се објавуваат на Фејсбук страницата на радиото.
„Радиото е мој личен протест кон медиумските слободи во Македонија. Имам чувство дека живееме во време кога слободата на мислење е сè повеќе репресирана. Од друга страна просторот за култура што постои во електронските и во пишаните медиуми е сè помал и помал. Познавам доста новинари и мислам дека голем дел од нив го делат ова мое мислење. Така што, на крај, ова е некој мој скромен обид да придонесам кон актуелизирање на овие теми, на овие проблеми во нашето општество кои секако и регионално се многу актуелни“, вели Ѓорѓе Јовановиќ за проектот Радио Слободно Скопје.
Подолу претставуваме неколку аудио снимки од читање пара вести, кои се дел од програмата на Радио Слободно Скопје.