Тил Рабус

11.02.16 04:34

Во прилог на неговата наклонетост кон реализам, швајцарскиот уметник Тил Рабус има остро око за уредување на неживите објекти на провокативни начини. Уметникот ги комбинира овие две вештини во неговите чудни мртви природи, каде обичните, зафрлени предмети се наоѓаат во мистериозни композиции кои си играат со симетријата и интензивните бои.

Рабус ги елиминира знаците на човечко присуство во неговите слики, па се чини како овие објекти да завршиле во уредените аранжмани со сопствената слободна волја. Сепак, овие предмети оставени надвор од човечкиот допир и консумирање, повикувааат на дијалог за непотребниот отпад на потрошувачката култура. Низ галеријата ќе имате прилика да го видите чудниот микс на храна, женска долна облека, мртва природа, и општи случајности.

Извор: www.booooooom.com

ОкоБоли главаВицФото