Морална ебола

12.02.2016 13:52
Морална ебола

Ријалитизација

Може ли да се знае кој на која телевизија ќе биде утре и на кој водител ќе му ја ебеме мајката!?

Се плашам дека оваа ријалитизација на политичкиот процес ќе го озабави страшниот криминал на власта и на медиумите на власта.

Мене ми личи дека Бога ти нова и оној идиотот од Шител се одбрани да бидат сунѓери кои ќе го впијат растечкиот револт против Груевски и фамилијата!

Немам ништо против естрадизацијата на политиката ако забавата не ни ја пореметува концентрацијата врз главниот злотвор: вмро, Груевски и Фамилијата!


Шител и Ванхојте

Обидот за јавно масакрирање на Заев ја засенчи веста дека Ванхојте бил на пиво со Милчин и, потоа, на некое говедо од телевизија Шител или на некоја друга будала на привремена работа во медиумите, му изјавил дека „тој и во оваа земја може да прави што сака“.

Стоката заклучиле дека таа изјава е навреда за оваа држава и за народот и дека тоа е последна во сличните навреди што ги изговара Ванхојте во последно време!

Да ги повториме фамозните зборови на Летечкиот Холанѓанин: „и во оваа земја можам да правам што сакам”, да одам на пиво, да возам велосипед, да водам љубов со некоја Македонка… тоа е таа смисла!

Сакам јавно да го прашам олеснувачот: ќе продолжиме ли со овие ѕверови да водиме дијалог за да ги ослободиме медиумите или претходно треба да се ослободиме од нив со некој спреј што можеби се произведува во Хаг!


Не можете да имате сексуален однос со радијатор...

Латас можете да го третирате како идиот, како будала и агент, како хохштаплер и криминалец и да ризикувате да згрешите, но ако го третирате како новинар јас ќе можам без секаков ризик да кажам дека со вас нешто не е в ред!

Затоа е многу важно работите да се дефинираат правилно.

Да речеме, дека ВМРО-ДПМНЕ не е политички противник на опозицијата туку е смртен непријател на државата, на општеството, на нацијата и на луѓето, вклучувајќи ги тука и нивните членови и симпатизери!

Не можете да имате сексуален однос со радијаторот на кој пишува „пичка“! Односно, можете, но треба да знаете дека во тој случај вашето куре може да наебе!


Свршено време

Некои луѓе запаѓаат во никотинска криза кога ќе разберат дека на Груевски повеќе не можат да му го пушат! Не затоа што човекот не сака или не дава, туку, просто, бидејќи времето му е свршено! Тоа објаснува важен дел од агонијата на Македонија!


Тотална доминација на опозицијата!

Шекеринска ќе гостувала вечерва на Канал 5!
Ова се вика тотална доминација на опозицијата со медиумскиот простор во Македонија!

Дајте, пуштете ја малку и власта да каже што има!
Ја па ја…!

Не ли ви е малку непријатно!?


Заев како Џејсон Статам

Ако се појави во скафандер, Заев би можел да му покаже на граѓанството дека во Шител оди како во центар на моронизирачката радијација!

И дека е спремен да се жртвува.
Во името на општото добро.

И на спасот на Македонија.

На сите нас!

Ако ненадејно извади големи клешти и направи “кврц” на дебелиот кабел од камерата број еден, може да се претвори во херој на деценијата.

А ако на излегување, како некој балкански Џејсон Статам, им остави нешто што ќе го крене во воздух центарот на злото и ќе го портокализира небото под Американската амбасада, додека тој спокојно се оддалечува низ паркот, тогаш може и да ме одоброволи да гласам за него на следните парламентарни избори!


Морална ебола

Гледајте, можат Заев, Спасовски или утре Шекеринска, да појдат и кај Латас и да кажат нешто важно, нешто што на друг начин не би можело да допре до некои луѓе, можат да бидат елоквентни и агресивни и да го уништат говното во форма на водител и уредник, како што ја искубаа главната гуска во Канал пет, да речеме, можат да го креваат расположението кај своите фанови, но, сеедно, јас мислам дека во името на корисноста на тој начин се уриваат принципите, се зашлакува разликата меѓу злото и жртвата, тоа е систем низ кој Груевски се демократизира (Зеколи), а медиумските кукли му се проституираат!

И шират морална ебола!

Многу е важно, можеби најважно, приоритет да му се даде на принципот кој вели дека на септичките јами какви што се Шител и Канал пет, можеш да им се доближиш само ако имаш лопата и намера да ги затрупаш!

Слики: Странски служби
Извор: Фејсбук статуси, 08.02 - 12.02.16

ОкоБоли главаВицФото