1013 hPa
69 %
25 °C
Скопје - Пон, 20.05.2024 14:49
Модната колекција на еко-пријателскиот бренд Go, насловена Artist at Home, е креирана од модната креаторка Олга Глаголева, во соработка со уметницата Лиза Смирнова. Колекцијата се состои од облека украсена со колоритни везови кои имитираат дамки од боја какви што сликарите оставаат на облеката додека работат во своите ателјеа. Сите модни елементи на брендот Go се резултат на рачна работа. Ткаенината и везовите се изработени рачно, преку еден внимателен и прилично долготраен процес.
Извор: www.fubiz.net