Ново правило во автобусите на ЈСП: обичните смртници ќе мораат да им го отстапат местото на вмровците

15.02.2016 13:45
Ново правило во автобусите на ЈСП: обичните смртници ќе мораат да им го отстапат местото на вмровците

Скопје, 15 февруари 2015

Јавното сообраќајно претпријатите преку соопштение ја извести јавноста дека од наредната недела стапува на сила новото правило за возење во автобусите.

Имено, според новиот пропис, обичните смртници меѓу патниците ќе мораат да им го отстапат своето место на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, во случај да нема доволно место за седење и дел од патниците да стојат.

„Членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе можат да ги извадат своите картички 'убер-патник' во билетарниците на ЈСП или во месните комитети и штабови на партијата“, вели директорот на ЈСП, Игор Јанушев.

„Ако некој од обичните смртници одбива да му го отстапи местото на вмровецот, откако овој уредно ќе се идентификува со 'убер-картичката', тогаш вмровецот има право да го пријави во контролорската служба“, објаснува Јанушев.

Според новото правило на ЈСП, во случај на дефект на автобусот, обичните смртници треба да ги носат вмровците на ушка или на раце до нивната дестинација.