Прекрстувањето во автобус станува задолжително

31.10.2014 13:01
Прекрстувањето во автобус станува задолжително

Скопје, 31 октомври 2014

ЈСП најави казни за сите патници што нема да се прекстрат кога некој автобус ќе помине покрај црква, а на контролорите од Јавното сообраќајно претпријатие ќе им помагаат свештеници од МПЦ.

Ваквата иницијатива на ЈСП уследи по сè побројните поплаки на верниците што се возат во градските автобуси, дека им пречи агресивниот атеизам на патниците кои не се прекрстуваат штом автобусот ќе помине покрај православен верски храм.

„Уверувањата како атеизмот се интимна работа и луѓето треба да си ги чуваат за себе. Нема зошто јавно да демонстираат дека не се верници“, вели М.С., револтирана верничка која редовно се вози и прекрстува во градските автобуси.

Но, не сите верници се одушевени од одлуката за задолжително прекрстување во автобусите на ЈСП. Дел од нив коментираат дека ризикуваат да добијат казна ако се поспани или замислени, па не забележат дека поминуваат покрај свето место. Други, пак, бараат да се одреди максималната оддалеченост од која ќе биде задолжително прекрстувањето.

„Во Скопје има сè повеќе цркви, па на некој начин постојано поминувате покрај некоја и така се создава конфузија. Предлагам законот да се допрецизира, да се одреди, на пример, дека за поминување покрај црква ќе се сметаат само случаите кога автобусот ќе се доближи на 100 метри оддалеченост од верскиот објект“, вели И.Љ., верник и патник во ЈСП.

На денешниот состанок помеѓу Господин Господин Стефан и директорот на ЈСП Мишо Николов ќе биде утврден списокот на свештеници кои ќе се обучуваат кај контролорите од ЈСП и ќе проверуваат кои патници не се дисциплинирани во верските автобуски обреди.

За евентуалните казни кои МПЦ ќе им ги изрече на недисциплинираните верници сè уште нема информации.