1017 hPa
41 %
22 °C
Скопје - Саб, 27.04.2024 14:59
„Инстаграм е единствена социјална мрежа која ја негувам поради визуелноста во пристапот, немањето зборови, искажувањето на мислата преку фотографија или цртеж.
Некои од овде застапените фотографии претставуваат внимателно избрани елементи вклопени во балансирана композиција - филтер на реалноста; другите едноставно се обид хронолошки да се зачувуваат значајните моменти од сопственото опкружување и просторот кој восхитува.
Десетте фотографии ги склопувам во една тема-порција која ја нареков Неподносливата леснотија на постоењето.“
Марија Димитриевска е архитект.