Одреден 30-дневен притвор за Горан Груевски-првоосомничен во случајот „Тврдина“

30.03.2016 23:48
Одреден 30-дневен притвор за Горан Груевски-првоосомничен во случајот „Тврдина“

Основниот суд соопшти дека е одредена мерка притвор за Горан Груевски, началник на Петта управа во МВР од 30 дена.

Во соопштението се вели:

„Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор за осомничениот Г.Г., поднесен во судот во текот на вчерашниот ден, по денешното сослушување на осомничениот кој самиот се јави во судот, а во присутво на негов бранител и обвинител од наведеното обвинителство, донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка 30 дневен притвор.“

Распитот на Груевски траеше осум часа, а тој дојде сам во Судот, откако цела ноќ претходно беше недостапен за полицијата.

Извор: Телма / НоваТВ