Читање книги со лажни корици

13.04.2016 10:55
Читање книги со лажни корици

Многу луѓе се обидуваат да изгледаат колку што е можно понезабележително додека се возат со метрото тивко слушајќи музика или зјапајќи во својот телефон. Комичарот Скот Роговски употребува сосема спротивен пристап, како што може да се види во интересното видео наречено Taking Fake Back Covers on the Subway. И покрај тоа што е тивок, комичарот презема голем ризик, седнува меѓу патниците и чита метафорично моќна книга која ги дочекува љубопитните погледи од патниците во близина.

Секое издание има многу различни корици со илустрации и големи букви впечатливи за очите. Видеото го прикажува Роговски додека чита книги со наслови како This book has a Camera in it and Google is Taking Your Photo with it и Getting Away with Murder For Dummies, од озлогласениот автор Роберт Дарст. Тој ноншалантно ја држи секоја книга додека луѓето зјапаат, ги креваат веѓите, се смеат, и им шепотат на своите пријатели. Во градот каде што се случуваат чудни работи во метрото секој ден, лажните корици на книгите на Роговски успеваат да остават впечаток кај неговите сопатници. Погледнете некои од кориците и погледнете го видеото.

Извор: http://www.mymodernmet.com

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија / Книжевност
Јавни простори / Фотографија / Книжевност
Јавни простори / Книжевност
Книжевност / Наука / Историја
Книжевност / Култура / Историја
Јавни простори / Книжевност

ОкоБоли главаВицФото