Стивен Хокинг претстави неверојатен проект за истражување на вселената

16.04.2016 03:36
Стивен Хокинг претстави неверојатен проект за истражување на вселената

Проектот Breakthrough Starshot, кој неодамна е поддржан од страна на еден од најголемите научници на нашето време, Стивен Хокинг, може да ја промени иднината на човештвото.

Станува збор за проект во рамките на кој би дошло до лансирање на помали авиони, кои би се упатиле кон соѕвездието Алфа Кентаури. Ова летало би требало да собере информации кои потоа ќе бидат испратени назад на Земјата.
Рускиот милијардер Јури Милнер неодамна го претстави овој проект заедно со Стивен Хокинг и многу други научници.

Леталото ќе се движи на необичен начин. Овој мини-сателит ќе биде управуван од страна на т.н. ласерско јадро. Тоа вклучува користење на ласери насочени кон јадрото, слично како што ветерот се користи на Земјата. Ласерите својот извор ќе го имаат на нашата планета.
Се очекува дека благодарение на ова јадро сателитот за неколку минути ќе постигне 20% од брзината на светлината.

„Ова е голем чекор напред кон космосот. Ние сме луѓе и во на нашата природа е потребата за летање“ - изјави Хокинг на неодамнешната прес-конференција на која беше презентиран проектот.
Како што е истакнато, сателитот би можел да го достигне Алфа Кентаури во период од дваесет години. Планот е во наредните години да се испратат илјадници сателити од овој тип

Системот Алфа Кентаури се состои од три ѕвезди, а Проксима Кентаури е најблиска до Сонцето, од кое е оддалечена само околу 4,3 светлосни години. Патување до неа со помош на модерните ракети би траело 30.000 години. Проектот е во вредност од сто милиони долари.

Извор:www.klix.ba