Падната од месечината

13.05.2016 10:26
Падната од месечината

МОЛБА ЗА ПОМИЛУВАЊЕ

Во мојот дом сè ме прекорува за сè.

Утрото низ ѕирките на завесите
право во мене посочува со прст.

Првнатиот молец низ воздухот
пријави пишува против мене.

Јас сум притисната до ѕидот
во својот сопствен дом.

Празните шишиња нишанат
во мене со темни цевки.

Чекам одозгора помилување.
Телефонот нервозно ѕрнка.

При секое отворање на вратата
станува промаја како во ан.

Најтешкото доаѓа на крај -
полошо и од смртна пресуда:

Поезијата си ги збира хартиичките
и низ прозорецот скока надвор.

Каде ќе одиш? Што ќе бараш?
Зарем раскош и мермерен ред?

Има ли поветровито место за тебе?


ПАДНАТА ОД МЕСЕЧИНАТА

Сè потешко се искачувам по скалите.
Застанувам за да ме настигне здивот.
Имам чуден проблем со гравитацијата.
Небаре сум паднала од месечината
каде некогаш лесно сум се искачила.


Блага Димитрова (1922-2003) Бугарска поетеса, писателка, критичарка и преведувачка. Авторка е на десетина поетски збирки, три романи, три пиеси, а пишувала и дневници и документарни новели. На бугарски превела дела од Вислава Шимборска, Адам Мицкјевич, Вера Ибнер, Јостен Шјостранд и други.

Препев: Александар Алексиев
Слика: Eugenia Loli

ОкоБоли главаВицФото