(ФОТО) Шарена револуција за социјална правда, ишарани АВРМ и Министерство за економија

14.05.2016 15:38
(ФОТО) Шарена револуција за социјална правда, ишарани АВРМ и Министерство за економија

Со боење на Агенцијата за вработување на Република Македонија и Министерството за економија, демонстрантите од #Протестирам и Шарената револуција вчера го искажаа револтот од лошите политики за вработување, но и поради недостигот на социјална правда.

Балоните со боја летнаа прво кон АВРМ, институција која е еден од симболите на режимската корупција и репресија, а потоа граѓаните се упатија кон Министерството за економија, чија зграда исто така беше обоена во разни бои.

Пред Министерството за економија се обратија студентот Петар Антевски, професорката од Економскиот факултет Билјана Секуловска Габер и Дејан Лутовски-Дексо, член на Левица, а ударниот транспарент на демонстрантите гласеше: „Младите си отидоа, партијата се вработи“.

Подолу можете да ги погледнете фотографиите на Ванчо Џамбаски од вчерашниот протест.

Слични содржини

Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото