Донирани лаги

26.05.2016 04:09
Донирани лаги

Партијата ВМРО-Д(Р)ПМНЕ пред речиси една година, додека го ставала потписот на Пржинскиот договор, имала тежок предизвик - да ја наполни партиската каса, да се спреми за евентуално предизборие, за пазарење и купување на пазарот на „општествени вредности“ и сето тоа да го заведе под ставка патриотизам, или донаторство. Но, како што често милува да каже поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, парите секогаш си го наоѓаат патот за да излезат на виделина, па така и сега - амбицијата на порталот „Нова“ ја соголи донаторската приказна на Д(Р)ПМНЕ-овците.

Во 2015 година ВМРО-ДПМНЕ од донации доби 1,5 милиони евра, а само на 14 и 15 јули биле уплатени дури 40 проценти од донациите. А токму на 14 јули беа целодневните преговори помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА во резиденцијата на Аиво Орав и токму во ноќта се потпиша Пржинскиот договор.

Со Пржинскиот договор се стокми и донаторскиот список, на кој се најдоа имиња на луѓе, кои за тоа дека донирале, првпат слушнаа од новинарите на „Нова“. Така е со Андон Чибишев, Арна Шијак, Никола Груев, Роберт Вељановски...

Донираните лаги излегоа на виделина, ќе се најде ли јунак да ги казни лажговците?

Извор: Слободен печат
Слика: Александар Дојранлиев

ОкоБоли главаВицФото