Дрво уште неизлезено

07.06.2016 17:08

затворено и сеопфатно, се навалува земјата
врз него за да го заштити од ветрот што дува,
една верверица што дотрчува се изненадува
гледајќи делови далечина косо меѓу дрвјата
и кај што прескокнуваш ограда парче вреќа
оставено место скалило, пајажини минуваш,
крцкави гранчиња си ги кршат тајните, свеќа
е сонцето, за миг се појавува па си заминува.
кога веќе си внатре, одвај забележуваш дека
шумата постојано ја извишува надежта своја,
толку сакам меѓу шушкавите дрвја, што лека
ме пуштаат низ гранки, токму таму да стојам—
дождот, мислејќи оти ме нема, крцкајќи паѓа
и го вика по име лисјето што допрва се раѓа

Превод: М. Х.

Алис Освалд (1966-) Британска поетеса, авторка на осум збирки поезија. За своите поетски книги, добила повеќе значајни награди, меѓу кои наградите Ерик Грегори, Форвард награда за најдобра песна, наградата Тед Хјуз и наградата Т.С. Елиот. Таа ја истакнува поврзаноста со земјата, растенијата и ритамот на природата, кои влијаат врз нејзиното творештво, но ја отфрла етикетата „поет на природата“.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото