Симпатичен метален накит во анимални форми кој се обвиткува околу прстите

21.06.2016 02:00
Симпатичен метален накит во анимални форми кој се обвиткува околу прстите

Мајкл Татом почнал да работи како дизајнер на накит во студиото на неговиот брат. Бил фасциниран од начинот на кој можат да се создаваат животински форми, особено од деталите кои треба умешно да се изработат за да се усоврши дефиниција на мускулите на секое суштество. Тогаш Татом парчињата накит почнал да ги изработува од бронза, а на барање на неговата сопруга отворил онлајн продавница. Тој сега целосно е посветен и фокусиран на дизајнирање на своите прстени, бразлетни и привезоци во во анимални форми.

Извор: www.thisiscolossal.com