Цветни везови на искористени воени шлемови кои го изразуваат контрастот помеѓу војната и мирот

29.06.2016 10:49
Цветни везови на искористени воени шлемови кои го изразуваат контрастот помеѓу војната и мирот

Литванската талентирана уметница Северија (Severija Inčirauskaitė-Kriaunevičienė) шие цветови и други интересни цртежи на метални објекти како тави, кофи, хауби на автомобили за да ја надмине културата на традиционалните везови, спротивставувајќи ги мекото и пријатното со тврдото и ‘рѓосаното. Нејзината најнова креација (која можеби е нејзината најевокативна досега) доби награда за најдобра инсталација на ArtVilnius’16. Насловена Killed(ed) for Peace, се состои од нежни темјанушки, рози и маграрити кои со пробивање се извезени на автентични историски воени шлемови.

Шлемовите се артефакти од неколку војни, вклучувајќи ги Првата светска војна, Втората светска војна и неодамнешниот украински конфликт. На оваа рапава воена опрема ѝ се спротивставени нежноста и декоративните везови кои го отсликуваат односот помеѓу човечкото насилство и хармонијата.

Извор: http://www.mymodernmet.com/

ОкоБоли главаВицФото