Вистинскиот убиец на Алмир

04.07.2016 04:18
Вистинскиот убиец на Алмир

Вистинскиот убиец на Алмир е оѕвереноста што се раѓа во блиските средби на расчовечената власт со простодушната примитивност. Кога тие елементи ќе се спојат со културата на идиотот кој со млекото на мајка си ја цица вербата во својата шуплива супериорност и, дури, мисија, за која тој има овластување да ја претвори во насилна кога ќе најде за потребно, во однос на другата партиска, национална или верска припадност или вредносна или сексуална ориентираност, се добиваат монструми од кумановски тип. Во таков културен амбиент луѓето што не се од неговата групација, монструмот од врвот на власта може да ги фрли во ендеци или да им ги запали кафеаните и џиповите, да им ги урне космосите, да ги убие на плоштад или во болница, а ако не е во врвот на власта, на располагање му стои сопствениот автомобил и луѓето од групата за која уште од мали нозе го оставиле да сфати или директно му рекле дека е контаминирачка за неговата средина! Физичките убијци се вршители на работите. Ние имаме мал број насилства во однос на потенцијалите што ни ги дава културата на примитивизмот.

Сочувство до родителите и блиските на Алмир.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња