Лирик

28.09.2016 14:10

Земал поглед од Мисе,
А од Хајне умното чело.
Носот потсеќа на Бајрон,
Усните му се ко на Лорка.
Ноктите се Пушкинови,
А раката фина, тенка,
Создадена е да напише
Сјајно, трајно лирско дело.
Создадена за тоа е раката,
Но тука е коренот на макава:
Сопственикот на раката е спорен,
За лирика тој не е створен.

Превод: П. В.

Лав Горович Захаров (1903-1975), преведувач, новинар, книжевен критичар, книжевен историчар, сатиричар... По потекло Русин. Откако емигрирал во Југославија пишувал и на српски. Познат е и како Евгениј Захаров.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото