Девојката од паркот

07.11.2016 14:02

Таа седеше на клупа во паркот,
дрвјата околу нас беа во цут,
читаше поетска збирка
и црно кученце држеше в скут.

На соседната клупа
јас во себе правев скица
за начинот на којшто би можел
да ѝ пријдам на таа убавица.

Ѝ верглав романтични рими,
нудев приказни, заплети, резиме.
Сè беше залудно: таа не ми даде
ни адреса, ни телефон, ни име.

Речиси цело лето за тоа срце
Се обидував да најдам клуче.
Најпосле дозволи таа само
да го милувам нејзиното куче.

Препев: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото