повремената поучност на соништата

23.06.2023 18:32

синоќа сонував еж
мракот шушкаше додека му приоѓав
седнав крај него
го погалив меѓу очите
му реков, не плаши се толку си убав
пет илјади кератински боцки
ме поздравија со светкање
го крена врвот на муцката
што непрестајно му се мрдаше
и ми се обрати
со соодветен за сон глас
сличен на детски
ми рече да се чувам од тебе
зашто ќе сакаш да ме имаш во близина
а не умееш да сакаш
понекогаш од стрес на ежовите
им паѓаат сите боцки
бирај за што се трудиш,
слушнав зборови од влажната трева
шум од боцките
поддршка од лисјето
до кое продираат минералите од земјата
која смело набабрува под моите нозе
можев да се заколнам
дека сите навиваат за мене
додека на нас внимава сигурниот мрак

Превод: Љупка Евроска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото