Приказна во заминување бр. 2

11.11.2016 12:38
Приказна во заминување бр. 2

Леонард Коен седеше на работ на тротоарот и со чадот од цигарата ги одмеруваше мајсторите кои ја прекопуваа улицата и ја сквернавеа тишината на канализацијата. Еден парталав долгобрад човек седна до него и извади некакво шише замотано во хартиена кеса. „Сакаш малку?“ - го праша подавајќи му го шишето. Леонард стана, го симна шеширот од седата глава, му го подари на долгобрадиот, ја изгаси цигарата и замина. „Збогум, Лео“ - шепна долгобрадиот и потегна една убава голтка.

Слика: Ален Форест

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото