Како светот, а како Македонија се справува со снежна бура?

06.01.2017 13:24
Како светот, а како Македонија се справува со снежна бура?

Може ли да ви кажам едно мое искуство од пред две години?

Ми беа дојдени на гости едни роднини од Македонија и ние домаќините заедно со нив отидовме да прошетаме неколку околни места и градови... Нијагарини Водопади, Бафало итн.

Едно време му текна да паѓа снег... Ама многу снег... Толку многу што и автопатот го затворија за сообраќај... Плановите набрзина моравме да ги смениме и по некој локален шумски пат тргнавме накај дома... Поминавме уште само 10-15 километри и веќе стана невозможно да се вози... Бевме 7 луѓе, во два автомобила... На местото каде што заглавивме веќе имаше наврнато отприлика 40-50 см. снег...

Наоколу само шума, целата покриена со снег... Ниту еден автомобил, ниту еден човек... Без храна, со малку вода... Влеговме во автомобилите и чекавме да се појават ангели-чувари и да нè спасат... На радио слушнавме дека на таа локација се очекува снег меѓу 120 и 150 см.

И што се случи?

Не поминаа ниту 10 минути, ангелите-чувари се појавија...

Полициско комбе, со двајца полицајци внатре... Повикаа уште едно возило кое што дојде по 2-3 минути... Нè качија сите седум луѓе, нè однесоа во некој пожарникарски дом и нè сместија во една голема сала... Имаше можеби стотина луѓе внатре... И тие заглавиле на околните патишта... Ни дадоа на сите храна, ни дадоа пијалаци, ни дадоа ќебиња, а ни ги донесоа и автомобилите...

Вечно ќе им бидам благодарен на оние неколку млади девојки од Evans Center Volunteer Fire Company кои што тотално волонтерски останаа цело време со нас, а од нивните домови носеа храна и сè друго што може да ни биде од помош...

Останавме таму некои си 20-тина часови, па ни кажаа дека можеме да возиме накај Торонто, но дека ќе треба да вртиме околу езерото Ири. Тргнавме преку Кливленд, Детроит и Виндзор, па доцна вечерта стигнавме дома.

Ајде една мала споредба на крај.

Ние заглавивме на планински пат и заглавивме на место каде што имаше паднато близу половина метар снег...

Вчера во Македонија заглавија стотина патници на автопат, со паднати 10-15 см. снег... И морале со часови да чекаат за да им стигне помош!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Дојранлиев

Слични содржини

Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото