Фокскон најавува целосна автоматизација на своите фабрики

12.01.2017 14:03
Фокскон најавува целосна автоматизација на своите фабрики

Фокскон Електроникс, тајванската фабрика која составува и произведува производи за најголемите техонолшки брендови, вклучувајќи го и Ајфон на Епл, објави дека ќе го забрза процесот на автоматизација во своите кинески фабрики. Целта е да се постигне целосна автоматизација.

Во статија објавена во списанието ДигиТајмс, генералниот директор на Фокскон Даи Џија-Пенг објаснува дека процесот ќе се одвива во три фази.

„Во првата фаза, Фокскон има за цел да постави поединечни автоматизирани работни станици за работи кои работниците не сакаат да ги работат или се премногу опасни“, вели Даи.

Втората фаза ќе се насочи на поедноставување на производната ефикасност и отстрануање на непотребните роботи од производната линија.

„Во третата фаза, целата фабрика ќе биде автоматизирана со минимален број работници за производство, логистика, тестирање и инспекциски псотапки“, заклучува Даи.

Во текот на 2015 година Фокскон почна да вложува во автоматизација на производствените погони, наведувајќи дека сакаат да постигнат 30 отсто автоматизација до 2020 година. Овој гигант веќе распореди повеќе од 40.000 индустриски роботи Фоксботс. Фоксон може годишно да прозиведе 10.000 такви роботи кои можат да се искористат како замена за човечкиот труд.

Фабриките во Ченгду во западна Кина, во Шенжен на југот на Кина и Женгжу во северна Кина веќе се во втората или третата афаза од планот за автоматизација, а најмалку 10 целосно автоматизирани производни линии веќе се на сила во некои од фабриките.

Иако оваа постапка е корисна за компаниите, на крајот целосната автоматизација ќе доведе до голема загуба на работни места.

На пример, Фокскон од минатата година вработува околу 1,2 милиони луѓе - но во случај на целосна автоматизација, се проценува дека повеќе од милион луѓе ќе ги изгубат работните места и ќе бидат заменети од роботите Фоксботс. Додека користењето роботи на долг рок е исплатлива опција, таквиот процес бара големи почетни вложувања.

Додека роботиката сè уште е во развој, користењето на роботите за целосна автоматизација најверојатно нема да стане конечно решение.

„Индустриските роботи сепак нема да можат целосно да ги заменат работниците, зашто луѓето поседуваат флексибилност за брзо префрлување од една на друга задача“, вели Даи. Репрограмирањето на роботите за извршување повеќе задачи или дури една нова едноставно одзема премногу време и средства.

Сепак, автоматизацијата на работните места која започна во преработувачката индустрија, во голема мера ќе влијае на глобалната вработеност, особено со оглед на брзината со која се развиваат таквите технологии.

До 47 отсто од работните места во САД се во опасност од автоматизацијата, а губењето работни места и замената со машини е реалност на која мораме да се подготвиме.

За среќа, многу стручњаци веќе предлагаат начини за ублажување на последиците од таквите промени. Предлозите како концептот за основен доход кој Финска веќе експериментално и го воведе или зголемувањето на работната обука би требало да ја намалат замената на работната сила со роботски автоматизациски технологии.

Извор: geek.hr