Српскиот воз по враќањето од косовската граница во Белград ќе биде ишаран со натпис „јебига“ на 21 јазик

17.01.2017 13:53
Српскиот воз по враќањето од косовската граница во Белград ќе биде ишаран со натпис „јебига“ на 21 јазик

Белград, 17 јануари 2017

Возот кој од Белград требаше да стигне до Косовска Митровица, по враќањето во српската престолнина ќе биде префарбан и на него на 21 јазик ќе биде испишана пораката „jебига“.

Возот е запрен во Рашка, по што тргна назад во Белград, а во Канцеларијата за Косово и Метохија велат дека новите околности бараат нови мерки.

„Натписот ’Косово е Србија’ изгледа дека не е баш адекватен во ситуација кога нашиот воз не може да влезе на Косово, то ест во Србија, така што одлучивме возот да добие нов натпис кој ја одразува реалната состојба на работите, но и нашиот голем револт затоа што возот не може да влезе на Косово, то ест во Србија. Проценивме дека натписот ’јебига’ во овој момент е најадекватен“, велат во Канцеларијата за КиМ.

Во канцеларијата велат дека „јебига“ е традиционален српски збор кој има многу значења и дека многу убаво ќе изгледа на возот.

„Директорот на нашата канцеларија Марко Ѓуриќ го одобри овој предлог и го чека возот во Раковица, каде се симна кога возот одеше кон Косово, но во меѓувреме не успеа да најде превоз до Белград. Таму мајсторите ќе го направат новиот дизајн и визуелен идентит на возот, а потоа композицијата ќе се упати во Белград, каде ќе биде подготвен за свечениот дочек на кој ќе присуствува и премиерот на владата на Србија Александар Вучиќ“, наведуваат во Канцеларијата.

Како што дознаваме, возот ќе има и нова линија, па наместо до Косовска Митровица ќе сообраќа до Белград на вода.

Извор: Njuz