Невработеност

09.02.2017 14:43
Невработеност

НЕВРАБОТЕНОСТ

-Многу едноставно

За невработеноста, до која доаѓа поради недостаток од работа, постои само еден лек: работа. Сè друго е само привремено решение.

Le Journal d'Argentueil, 2 јануари 1932.

НОЌ

-Добра тема за проучување

Доктор Роберт М. Вуд, професор по експериментална физика, ја проучувал последните дваесет години, и тоа со значаен успех, основната природа на ноќта.

The Evening Sun Paper, Мериленд, јануари 1926.

НОВАТА ЖЕНА

-Баш убаво

Новата жена има великодушни стремежи, меѓутоа тие невешто ги камуфлираат револуционерните и анархистички идеи. Таа, како во некој возбудлив микрокосмос, ги собира сите ферменти на декаденцијата и деструкцијата кои го обликуваат нашиот современ свет: во театар таа го подмирува своето право на среќа, во светот на книжевноста се инкарнира во групата жени со тажно реноме и дрско, како во стихови така и во проза, пишува одбрана на блудот и похотата.

Опат Луј Бетлеем (Louis Bethléem), Книжевноста - непријател на семејството (La Littérature ennemi de la famille), 1923.

 

Извор: DICTIONNAIRE DE LA BÊTISE et des erreurs de jugement, Editions Robert Laffont, S.A., Paris, 1965.

Слика: Фран Родригез

Слични содржини

Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста

ОкоБоли главаВицФото