Објава на војна

18.02.2017 13:45
Објава на војна

Француска воена пропагандна разгледница од Првата светска војна

 

-Статија на еден познат спортски новинар објавена 1914 година:

Деца мои! Драги мои деца! Мои француски дечиња! Слушнете ме! За овие четиринаесет години, колку што излегува списанието L'Auto, никогаш не сум ви дал лош совет, зарем не? Значи, слушнете ме!

Прусите се гадови. Го користам тој збор не за да се изразувам „простачки“, туку затоа што тој го говори токму она што сакам да го кажам. А тоа што го кажувам за Прусите не мешајќи ги со Германците, е затоа што верувам дека сè уште сите Германски мозоци не се измешале во прускиот лонец.

[...]

Погледнете ги тие грди коцкести глави, глупави овци без иницијатива, кои знаат само за кланица.

Деца мои! Драги мои деца! Мои француски дечиња! Слушнете ме добро! Треба да ги „зграбите“ тие гадови!

[...]

Верувајте ми: невозможно е еден Французин да падне пред некој како што е Германецот. Пред вас е голем меч: употребете го целиот свој француски репертоар. Ја знаете тактиката, зарем не? Не смеете да се плашите. Прво преправајте се, па повлечете се, а потоа земете залет и тргнете. Сето тоа, вие, драги мои дечиња, го знаете многу подобро од мене кој ве подучувам речиси петнаесет години. Но, пазете се! Кога вашиот кундак ќе биде на нивните гради, ќе ве преколнуваат да им простите. Немојте да се излажете. Удрете без милост! Треба да завршиме со имбецилните злосторници кои, веќе четириесет и четири години, нè спречуваат да живееме, да сакаме, да дишеме, да бидеме среќни.

[...]

Ах! Голема издишка на олеснување, драги мои деца, ќе испушти Човештвото кога ќе победите! Како само длабоко ќе вдишеме свеж воздух! Како нашиот живот повторно ќе биде добар и убав! Конечно, повеќе ќе нема гротески, „киселозелкаши“, крадливци на часовници, повеќе ќе го нема императорот од цинк кој ги сука своите мустаќи тврдејќи дека Германија е „нападната“. Повеќе ќе нема Кајзер! Ни Агадир! Ни данок во крв! Ни гадовите! Ќе престанат кошмарите!

Тоа зависи од вас, деца мои! Мои француски дечиња! Ние го добивме првиот меч во Јена (Германија; тука Наполеон ги победил Прусите); Вториот во Седан го добија тие (место на капитулација на наполеон III пред Прусите). Одлучувачкиот меч е наш, ако го сакате, како што Французите го можат тоа кога сакаат.

Анри Дегранж (Henri Desgrange), ревија L'Auto, 3 август 1914.

Извор: DICTIONNAIRE DE LA BÊTISE et des erreurs de jugement, Editions Robert Laffont, S.A., Paris, 1965.

Слични содржини

Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста
Речник на глупоста

ОкоБоли главаВицФото