Шишенце парфем

18.02.2017 18:10

Утрото на твојот роденден
отидов до парфимеријата зад аголот,
за тебе шишенце парфем да изберам.

Девојка во фустан со прерамки
запраша сонливо, може ли да помогне,
потоа ме поведе
меѓу мирисите орлови нокти и лаванда.

Во јасна светлина ги видов
нејзините кадифени листови,
играта на мускулите под кожата на грбот.
И мек глас имаше,
а во нејзината уста беа
деветте сонца на ветувањето.

Кога платив, враќајќи ми го кусурот
со ноктите деликатно
мојата рака и коренот на дланката ги допираше.

Па сепак, засекогаш ќе те сакам.

Превод: П. В.

Pawel Marcinkiewicz (1969), полски поет, преведувач; студирал англистика. Збирки: Остави ја ноќта, нека тече; Бегај, Марчинкјевич, бегај; 18 стихови за тоа дека огнот ќе биде ружа; Со тебе склопувам сојуз; Свет за цврсти; Тиволи.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото