Потекнувам од дното

23.02.2017 11:22

Потекнувам од дното. Имам за тоа и соодветни
хартии. Се сеќавам на августовските жеги, како убаво
на врвовите од косите светкаше сонцето и бледите жени

ме прашуваа: од каде си? Секогаш одговарав
исто: потекнувам од дното. Имам краток, но мирен
поглед со железна боја. Ве гледам,

како од подрум. Не знам како овде
се најдов ‒ тоа е тајна. Од кој судир
сум настанал? Можеби некој просто ме истрил,

чистејќи го плехот од рѓа.

Превод: П. В.

Славомир Елснер (Slawomir Elsner, 1976), полски поет и ликовен уметник. Ликовна академија завршил во Касел. Подеднакво е ценет како уметнички фотограф и поет, иако објавил само една збирка: Антиподи. Еден е од главните претставници на шлеската поезија.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото