За „транспарентните“ преговори

02.03.2017 00:18

На сите вас што барате преговорите на СДСМ со ДУИ во оваа фаза да биле „транспарентни“ сакам да ви кажам неколку работи:

1. Не знаете што барате.

2. Има причини зошто тие преговори се тајни, зошто се држат далеку од камерите и зошто не се коментираат до самиот крај. Само на тој начин може да се постигне квалитетен договор, односно договор воопшто.

3. Има причина зошто постизборните коалициски договори и во земјава и насекаде низ светот секогаш се вршат без камери и зошто јавноста се известува на крај за постигнатиот договор, но не и пред тоа.

4. Фала Богу што тоа е така зашто инаку ќе немаше избори на кои излезноста ќе беше поголема од 10 отсто и ќе немаше избори после кои ќе немаше насилни демонстрации и контрадемонстрации со редица повредени и мртви. За влада, пак, која никогаш не ќе можеше да се состави после таквите „транспарентни“ преговори (заради мртвите и ранетите демонстранти, меѓу останатото), ич не сакам муабет да правам.

5. Следниот пат кога ВМРО-ДПМНЕ ќе преговара за постизборна владина коалиција (кога и да ќе биде тоа и со кого било), одете нив прашајте ги за „транспарентни“ преговори да видите што ќе ви кажат.

Владимир Петрески, Фејсбук, 01.03.17.

 

ОкоБоли главаВицФото