Мачор

02.06.2017 11:01
Мачор

Преса

Инквизиторите се меѓу нас. Живеат на сутерените во големите згради и само натписот ПРЕСА ОВДЕ ја оддава нивната присутност.

Маси со напрегнати темни мускули, силни валјаци кои полека но прецизно дробат, замаено тркало кое не знае за милост - нè чекаат.

Чаршафите кои ги изнесуваат од пресата изгледаат како празни тела на вештици и еретици.


Војна

Поход на челични петлиња. Момци обоени со вар. Алуминиумски парченца разоруваат куќи. Исфрлаат заглушувачки, сосема црвен шрапнел во воздухот. Никој нема да одлета на небото. Земјата го привлекува телото и оловото.


Мачор

Целиот е црн, но има електризиран опаш. Кога спие на сонце, тој е најцрното нешто што може да се замисли. Дури и во сон лови преплашени глувци. Тоа се познава по ноктите кои му израснуваат од шепите. Необично е мил и расипан. Ги бере птичките од дрвјата, пред да созреат.

Превод: Иван Шопов
Слика: Ditz

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото