„Шумската кула“ во Утрехт ќе апсорбира штетни гасови

24.07.2017 11:33
„Шумската кула“ во Утрехт ќе апсорбира штетни гасови

Во холандскиот град Утрехт наскоро ќе се гради 90 метри висока зграда од чија надворешна страна ќе бидат посадени 300 различни видови растенија за кои се предвидува дека годишно ќе апсорбираат 5,4 тони јаглерод диоксид, а ќе произведуваат 41,4 тони кислород.

Надворешниот дел од зградата, фасадата, терасите и покривот ќе ги красат 10 000 стебла и грмушки, а во неа ќе има 200 луксузни апартмани, ресторани, канцеларии и фитнес центри.

Оваа повеќенаменска зграда ја нарекуваат „здравиот центар на Утрехт“ зашто ќе има ресторани со здрава храна, теретана, јога студио, паркиралишта за велосипеди и мал јавен парк.

Зградата се вика Utrecht Vertical Forest и целта ѝ е градот да го направи позелен и поздрав за живот.

Изградбата ќе почне 2019 година, а се очекува да трае три години.

Извор: https://www.klix.ba

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото