1021 hPa
93 %
6 °C
Скопје - Нед, 28.04.2024 02:59
Денеска жена загина пред Mинистерството за култура, прегазена од комбе за достава. Жерновски со години ги игнорира нашите дописи за овој дел од Дебар Маало каде му укажуваме дека има школо, нема тротоари, има тесни улици, гужви и магацини со фреквентни комбиња за достава. Toj сакаше оваа уличка (Дебарца) да ја направи уште попрометна, двонасочна и да ја отвори кон Партизанска, па ние му помогнавме да го чуе гласот на локалците, а тој си ги пикна анкетните ливчиња во фиока и таму ги чува веќе година и пол.
Еве,сега прашувам, дали само возачот на комбето ќе биде виновен за ова што се случило денес? Кој е одговорен што тротоарот е постојано злоупотребен? Кој дозволил тротоар да се користи како паркинг за пешаците да одат по улица? Кој ги игнорираше нашите барања за ограничено време за дотур на роба? Кој дозволува на вака тесна уличка, пред основно школо без соседни тротоари, да возат вакви тешки возила и да си имаат магацини со роба!?
Извор: Фејсбук профилот на авторот