Десет клишеа што се употребуваат во филмовите

27.07.2010 10:52
Десет клишеа што се употребуваат во филмовите

Откако Холивуд секоја година произведува филмови како автомобили на фабричка лента, режисерите не можат да не прибегнат кон неколку клишеа во своите филмови кои стануваат ужасно стереотипни.

1. Акциониот херој и куршумите

Акциониот херој ја има натчовечката вештина да ги избегнува куршумите без да биде погоден ниту еднаш. Негативните ликови очигледно се лоши стрелци кои никогаш не посетувале часови по стрелање. Речиси секој акционен филм вклучува ваква сцена, но гледачите секогаш навиваат и се радуваат кога позитивниот лик ќе остане непогоден од куршум.

2. Сè што ти треба е лаптоп

Кога протагонистот од филмот се обидува да најде важна владина информација, сè што му треба се неколку минути и обичен преносен компјутер. Овие филмови забораваат да напоменат дека поголемиот дел од владините информации сè уште се чуваат само на хартија. Главниот лик секогаш знае точно што треба да прави и успева да ја донесе правдата пред крајот на филмот.

3. Третото лице

Филмот се наоѓа пред својот крај, каде што се случува престрелка меѓу добриот и лошиот лик. Лошиот лик го вперува пиштолот кон добриот и гледачите слушаат истрел. Тие очекуваат дека позитивниот јунак ќе падне мртов, но за чудо лошиот е оној што ќе падне на колена, а потоа и на стомак. Потоа ќе го видиме третото лице кое некако успеало да стигне навреме за да го спаси добриот лик.

4. Убиецот се враќа

Оваа сцена се случува во речиси секој трилер или хорор. Лошиот конечно е мртов, и добриот му го завртува грбот, со израз на олеснување на лицето. Следното нешто што ќе се случи е дека лошиот испушта силен вресок и акцијата продолжува.

5. Секогаш изгледаат совршено

Ликовите на Џемс Бонд секогаш изгледаат дотерано и освежено без разлика на тоа колку удари биле упатени во нивен правец. Плус, жените во сличните филмови секогаш се будат нашминкани и со дотерани фризури.

6. Провлекување низ врати

Акционите херои во безброј филмови секогаш успеваат во последен миг да се провлечат низ некоја врата што се затвора. Тие успеваат да се пропикнат низ тесното просторче, што ни овозможува да сфатиме зошто овие јунаци никогаш не се дебели.

7. Не толку убедливо маскирани

Во многу ситуации позитивниот или негативниот лик ќе најдат некоја маска за кислород со која ќе се маскираат откако ќе ја стават на лицето и на тој начин успеваат да се извлечат од некоја мешаница.

8. Колата не сака да запали

Ако некој лик сака да побегне бидејќи некој сериски убиец го брка или ако некоја прекрасна жртва успее навреме да стигне до својата кола, бидете сигурни дека таа нема да запали.

9. Пиштолите остануваат без куршуми

Добриот се соочува со лошиот чиј пиштол се наоѓа на блиско растојание. Лошиот сака да го застрела добриот, но во тој миг му снемуваат куршуми. Оваа сцена е толку предвидлива што ќе ве натера да се засмеете ако не сте многу навлезени во приказната. Тогаш добриот лик или ќе побегне на безбедно место додека лошиот ќе пука по него, или ќе го нападне и ќе го совлада.

10. Грабнување на бившата женска

Многу филмови го создадоа митот дека ако ја грабнеш твојата бивша девојка, таа дефинитивно повторно ќе се заљуби во тебе. Тоа искуство ќе ве промени обајцата, а проблемите чудесно ќе исчезнат, како никогаш и да не постоеле.

Извор: the-top-10-list.org

Последното клише е поучно за

Последното клише е поучно за многу фраери во Македонија. Често има такви случаи по црна хроника. :-(

ОкоБоли главаВицФото