1018 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Чет, 16.05.2024 17:41
Најмногу ги болеше кога ќе чуеја некој да каже: „Молчи, овде и ѕидовите имаат уши“, а самиот не веруваше во тоа бидејќи се работеше само за еден фигуративен израз. Ама тие навистина имаа уши. Мали, речиси невидливи, изнедрени од нерамнинките во малтерот.
Многу беа горди кога некогаш ќе им закачеа обетки. Оптегнатите часовници, гоблените, евтините или скапите репродукции беа признание за нивното постоење. Тогаш се чувствуваа по малку како оние развлечени уши во африканските култури, но во случајов товарот на убавината го носеа на едно мало шајче. Мали, наконтени увциња. Не знам зошто толку се плашат од нив кога тие се неми.
Слика: Шумајла Надим