Нова српска симфонија

01.09.2010 12:05
church-state.jpg

И во Црквата малкумина се сеќаваат на византискиот цар Јустинијан од 6 век, коj е творец на една теорија која се вика Симфонија во односите на државата и црквата: наводно, државата и црквата мораат да бидат во таков склад што царот го дефинирал со поимот симфонија. Неволјата е во тоа што теоријата е одлична, но во практиката тоа не се случувало ниtu во времето на царот Јустинијан, коj ги менувал владиците и патријарсите и ги праќал во прогонство ако не му обезбедат доволно убедлива духовна логистика. И Свети Сава во своето познато дело Законоправило се занимава со интерпретацијата на оваа теорија. Така една обична флоскула стана монета за водење на политиката и се користи и денес, без разлика на тоа што е фалшлива. По петнаесетина векови, втората фаза во нејзиниот развој ја лансираше Првиот Агроном на воениот режим на Милошевиќ, Добрица Ќосиќ. Тој во декември 1993 година пред покојниот патријарх Павле ја изнесе тезата која гласи – Да ја обединиме државата и црквата за доброто на српскиот народ. Запрепастениот патријарх се обиде да објасни дека од тоа нема ништо, но агрономите се чудна сорта – нив Чехов меѓу своите ликови не ги сака – ним им е малку да бидат агрономи и секогаш сакаат да се занимаваат со уште нешто друго. Сталин го имаше својот врвен агроном кој се викаше Т. Д. Лисенко, кој му се нафрли на оној попот Мендел, кој со грашокот зададе маки на Европа: попов Мендел докажа дека кај грашокот бојата на цветот не се пренесува во наследство. Лисенко, пак, замислувал диња комуњарка од 120 килограми и некоја коров кој еднаш се сее и само се коси како готова пченица. Теоријава, се разбира, не го нахрани народот.

Оваа фаза од развојот на симфонијата во односите меѓу државата и црквата ја разви и докторот Коштуница, кој сметаше дека е доволно решението за Косово да се внесе во Уставот и проблемот ќе биде решен. Тоа одеше одредено време, решението не се појави, и сега се најдовме во една чудна ситуација. Симфонијата почна да чкрипи, односно воопшто ја нема. Ниту може да ја има.

Во СПЦ дојде до раскол и овој раскол официјално го признава и самиот Амфилохиј, член на Синодот. Се појави, вели Амфилохиј, една струја во црквата која ја нарече „артемиевски раскол“, а тоа се оние кои, до вчера, зборуваа за симфонијата. Нештата се усложнија до таа мерка што артемиевците поднесоа во Уставниот суд на Србија барање „да се заштити уставниот поредок од дејствувањето на СПЦ“. Веќе рековме дека ова изгледа неверојатно, но реалноста стана таква. Сега за расколот се зборува како за свршен чин, а тука не знаеме две нешта. Прво, не знаеме кои се расколниците, зашто едни со други се обвинуваат за тоа, и ситуацијата е толку мачна што помачна не може да биде.

На најголеми маки е уставниот поглавар на нашата држава Борис Тадиќ, кој ја нема инвентивноста на царот Јустинијан – тој знае дека од симфонијата нема ништо и дека најголеми расколници се токму оние кои ги обновуваат овие фалшливи теории. Што се однесува до артемиевците – тоа се кадри на Коштуница – тие и понатаму повторуваат дека имаат решение, а всушност го немаат. Има уште еден момент кој е интересен во објаснувањето на Амфилохиј: во последното соопштение тој тврди дека кај нас со векови немало раскол, но истовремено споменува некои случаи кога тој се случил, како на пример пред четириесеттина години, кога од црквата е исклучен владиката Дионисиј. Најчудно е што Амфилохиј во расколниците кои отстапуваат од црквата ги вбројува и средновековните богомили, а тие не биле дел од црковните структури, туку силно дуалистичко движење и учење кое имало сериозна замерка и за државата и за црквата, а тоа е дека државните и црковните структури, и кога зборуваат за симфонија, всушност војуваат меѓу себе. Има малку земји во светот во кои ваквите парадокси можат да постојат, но во нашата мини-држава тоа е можно. Како и да е, теоријата за симфонијата беше покритие во последните триесетина година за една политика која се водеше и во државата и во црквата, и која не успеа. Секако, царот Јустинијан не го употребувал поимот идеологија, но многу добро знаел дека треба да смисли некоја флоскула со која се владее.

Сепак, оваа теорија опстанува и понатаму, и ни лидерите во државата ниту црковните великодостојници не умеат да излезат од неа, освен секако докторот Коштуница, кој тоа и не го сака.


Извор: pescanik.net

 Окно.мк е станува апсолутно

 Окно.мк е станува апсолутно опседната страница со србско-косовски политички ствари... а да. И по некое писанијце за архитектонските вредности на некои си рушевини во Далечниот Исток. 

Батка Петар, ти си

Батка Петар, ти си разузнавачки гение! Ебеш му матер, стварно брилијантно успеа да го разоткриеш Окно во цели два и по реда полни со убоити значења. Само ги потврди моите дамнешни сомневања, т.е. ме охрабри да ги изнесам: Окно е платеник на нефер отцепената република Косово, со посредништво на Џорџ Сорос, разбира се. Погенерално, Окно е дел од Зелената трансверзала (која, разбира се, го опфаќа и Бахреин; за кој кур иначе вчера Бахреин се појавува на насловна, и тоа низ шифриран текст за некакви си рибарски колиби?!?!). Не само што се меша во срБско-косовските внатрешни заебанции (ко што ти, мил а додуше неписмен, батка Петар констатираш; нема везе, ќе те научат колегите на Латас дури и на македонската азбука, скраја да е, иако и тоа е делумно внатрешно српско прашање, не?), туку Окно се фура на исламизам, т.е. попрецизно (поубоито) на Ал Каеда, да не околишам него директно да си кажам (откај иначе кватрљон текстови против израелските браќа, а за одвратните палестински терористи?!).
Од денес, батка Петар, не само што те глеам ко аналатички и разузнавачки гение, него и ко брат, по нација и вера! (која?! не е важно, си знаеме ние, нели, батко Петар?:)

ОкоБоли главаВицФото