1011 hPa
58 %
28 °C
Скопје - Вто, 21.05.2024 15:40
Настрана што при секое формирање влада треба срце да нѐ стрефи кога го слушаме бројот на министерства, агенции, институции, директори и директорчиња што се дел од сточниот пазар. Но кога ќе слушнам како партии си ставале на преговарачка маса епилози од судски процеси, оти им се в џеб, знаете, и судиите и процесите, па тоа е просто човек да го проколне денот кога се родил овде.
И уште медиуми мртви ладни си информираат за ова, судии молчат, молчат обвинители, граѓани тука-таму нешто ќе промрчат, гласачка машинерија трепка и чека по некоја трошка.
Мизерија!
Катарина Синадиновска, Фејсбук, 20.05.24.
Би ве предизвикал на борба со разум, но гледам дека сте невооружен.
Списанието за култура „Маргина” #95 е број посветен на попреченоста.
2009-2024 okno.mk, сите права се задржани.