Кина ги шири границите

27.09.2010 13:46
Кина ги шири границите

Две „големи игри“ моментално се одигруваат во Јужна Азија. На западот на Авганистан, тоа се „исламските џихадисти“, како што еднаш ги нарече Хенри Кисинџер, кои му пркосат на меѓународниот поредок. На истокот, голем број кинески трупи кои се распоредени на пакистанска територија во планинскиот дел на кашмирски Каракорам во живописниот регион Гилгит-Балтистан, недалеку од глечерот Суачен, околу кој се спорат Индија и Пакистан.

Сенг Хасан Серинг, шеф на националниот конгрес од градот Скадра, верува дека бројот на кинеската Ослободителна армија би можел да биде 11 000 плус дополнителниот градежен корпус. Инаку, Кина во регионот вложи милијарди долари во мегапроекти како автопатишта, тунели, гасоводи. Тоа, според Серинг, не е поради претераниот алтруизам.

Кинезите наведуваат други причини за присуството на еден дел од нивните воени сили во Пакистан – поплавите кои го погодија овој дел од Кашмир и остатокот на Пакистан. Овогодинешните монсунски дождови предизвикаа вистински хаос во областа – се оштетија патиштата, мостовите, половина милион луѓе останаа без покрив над главата, без земјиште, подвижен имот и гробници. Илјадници луѓе во регионот Хунца во јануари изгубија сè бидејќи беа збришани неколку населби, а обилните дождови создадоа вештачко езеро.

„Големата игра“ на Радјард Киплинг сега има нови натпреварувачи. Наместо екпанзионистичкото руско царство и неговите борби со империјална Британија, Кина, која е гладна за земја, вода и суровини, сега ги покажува своите мускули, досегнува до хималајскиот регион и со тоа директно ја предизвикува Индија.

Кинескиот налет ја потврдува старата стратешка аксиома дека „географијата е решавачки фактор во историјата“, и како резултат на тоа, исто така и на надворешната и безбедносната политика. Роберт Каплан забележува дека „индиската географска приказна за инвазијата од северозапад“ и дека „индискиот стретешки предизвик сè уште е битен“, што е причина зошто Авганистан во индиските очи е поврзан со историјата на потконтинентот и со иднината на истиот.

Тоа, исто така, е причината зошто постои „органска врска од Индија кон Централна Азија“ и дека Хималаите, околу кои моментално е сосредоточено соперништвото меѓу Индија и Кина, е клучот за таа врска. За среќа, барем засега, ова соперништво е далеку помалку емотивно од индиско-пакистанските односи.

Кинезите навалуваат да се пробијат зад границите на историјата на својата земја, а со тоа и зад својата географија. Самоуверената и релативно стабилна Кина, се чини, мора да се шири. Силната и стабилна Индија би сакала засекогаш да остане статус квото меѓу силите. Сево ова мора да се земе предвид кога се разгледува најновото натпреварување меѓу Индија и Кина. Неколку илјади кинески војници се стационирани во Кунџераб Паса на границата Ксинијанг со цел да го заштитат автопатот Каракорам, кој војниците го реновираат. Овој пат е витална врска во кинеската потрага за директен пристап до Арапското море. Но тоа исто така е индиска територија, во што лежат потешкотиите, и сега регионот е жртва на кинеските претензии со согласноста на Пакистан како соучесник.

Наспроти индиските историски територијални барања во регионот, кинескиот израз „спорен“ за областите сега почна да се протега на индиската држава Џама и Кашмир. Овој вид вербални итроштини да се сокрие стратешката цел се видени и претходно. И навистина, ако се вратиме неколку години наназад, планираната посета на командантот на Кинеската ослободителна армија за воениот регион Ланзу во индиски Ладаку беше откажана со образложение дека протестирале Пакистанците, што укажува на тоа дека Пакистан има легитимно право на областа.

Би било погрешно да се претпостави дека огромната експанзија на трговијата меѓу Индија и Кина, која моментално изнесува над 60 милијарди долари годишно (Кина сега е најголемиот трговски партнер на Индија) мора да доведе до подобрување на меѓусебните односи. Иако трговските односи напредуваат, Кина се обидува да ја затвори Индија во делот на копното и морето низ т.н. политика на „низа на бисери“.

Таквите напори да се опколи Индија преку морето со стратрешки позиционираната морска база од Хаинан на исток кон Гвадара на запад, и преку копното со промовирање на вештачкото тврдење дека Пакистан се обидува да го поткопа индискиот територијален интегритет, ја подигаат „Големата игра“ на едно ново и поопасно ниво. Авганистан и Гилгит-Балтистан претставуваат најголем предизвик за Индија од стекнувањето на независноста. И повеќе од тоа, борбата која е во тек ќе одреди дали пред нас се наоѓа „азискиот“ или „кинескиот“ век.

Авторот е поранеше шеф на дипломатијата, министер за финансии и одбрана на Индија.

Извор: danas.rs

Слика: Yue Min Jun

ОкоБоли главаВицФото