Ширум отворени раце

16.10.2010 21:58
tose-3-godini.jpg

Приказната за Тоше не е уморна. Напротив. Неговата приказна е една од најинтересните современи приказни и, како што сега стојат работите, таа кај нас допрва ќе се развива...

Сега сме сосем во шумот
на говор што се моли,
сега е сокрушен умот,
сега се душите голи.
Сега е длабок зборот
и тој со шепот цели.
А нешто шуми во дворот
и нешто нејасно вели.

(Блаже Конески, Шепот)


Приказната за Тоше не е уморна. Напротив. Неговата приказна е една од најинтересните современи приказни и, како што сега стојат работите, таа кај нас допрва ќе се развива, допирајќи многу нивоа на нашето живеење: општествено, политички, културно, историски. Во таа приказна, всушност, ќе се сосредоточуваат свесните и несвесните слоеви на нашата стварност, сеќавањата, копнежите, поттиците и инхибициите на многу луѓе, а пред се' на оние кои генерациски беа блиски до Тоше.

Мислам дека на тоа генерациско рамниште Тоше Проески ќе остави најдлабока трага, не само поради силината на митската енергија што зрачи од легендата за него, туку и зашто генерацијата на младите родени во седумдесеттите и осумдесеттите, всушност, немаше свои јасно препознатливи генерациски симболи. Ниту, пак, таа генерација има некакво препознатливо место во општествово кое, на ниво на приказни и митови, ем се' уште не е доволно одвоено од дамна упокоената СФРЈ, ем не е способно да создава нови, доволно јаки и привлечни точки на препознавање кои би нe’ обединувале и генерациски и меѓугенерациски.

Се разбира, проблемот е двоен: општеството е мочуришно застоено, но и младите како ништо да не прават да ја променат страшната парализираност во која тонеме сите заедно толку години. Повеќе-помалку тие нови генерации конформистички ги прифаќаат регресивните владејачки матрици (третокласна и партиски фанатизирана политизираност, малограѓанштина, себичност, слаба работна култура, ниски потенцијали за здружување, недоволни знаења, општа нељубопитност и апатија), обидувајќи сe понезабележливо да се вклопат во парохијалниот провинциски поредок (оние што не сакаат да се вклопат, исто така тивко си заминуваат или пропаѓаат во бунарите на сопствената нереализираност).

Митот за Тоше, велам, би можел да влее некаква енергија во спласнатите генерациски едра. Тој мит треба да овозможи да го афирмираме гласот наместо разгласот; оти ние сме средина во која разгласот ги обликува душите и мозоците, а не гласот, персоналноста. Зборот персона, впрочем, и значи (per-sono, со глас) издвоен глас, препознатлив звук што се издвојува од шумот, од мрморењето, толпата и какофонијата. Тоше во најдлабоките слоеви на значењето беше токму глас, извонредна особеност, но од нас зависи дали неговиот митски глас ќе го претвориме во разглас на лелекањето и немоќта.

На својот блог младиот писател Букарски, токму од генерациски ракурс, го спореди Тоше со Бајрон. Ми остави впечаток споредбата, зашто Бајрон со својата прерана смрт (умира на 36 години) како да навестува една сосема нова ера, на брзината и на поинаку сфатениот простор; Бајрон умира 1824 година, а првата патничка локомотива се појавила 1825-та. Бајроновиот дух, забележува Камил Паља, како да се преселил во брзата машина. Бајрон и самиот бил свесен за својата брзина и за својата ветровитост; брановидното треперење на ливадата е невидливо чекорење на ветрот; развигорот што Бајрон го еманира е оној дух на младоста што ја проветрува историјата и што толку многу ќе влијае на европската и американската култура.

Како што вели Паља: „Русо го измисли современиот култ на детството; Гете го популаризираше Русоовиот адолесцент со каприциозни расположенија. Но, Бајрон беше оној што ја создаде гламурозната, секси младина со дрска, пркосна енергија, новото отелотворено во харизматичното сексуално лице. Во таа смисла, Бајрон ја навестува новата доба на брзината. Младоста е брзина во чувствено минлива форма”.

Кога веќе зборуваме за ветровитоста на Бајрон, сакам токму во таа точка да ја продолжам споредбата со Тоше кого луѓето, по смртта, по неговото одвојување од земјата, го доживуваат како ангел, како нешто што одлетало во некој полесен и подобар свет. Во древните времиња на човековото воздигнување, поезијата започнала како музика, а музиката започнала како танц. Танцот често и' се спротивставува на силата на гравитацијата. Балерините на земја стојат збивајќи ја сета тежина во најситната точка, допирајќи ја земјата најмалку што е можно. А она движење со ширум отворени раце, кое беше толку карактеристично за Тоше (како да сака да го прегрне сиот свет), е движење коешто своето потекло веројатно го влече од барокните дворци, а кое, всушност, сугерира крилја, порив да се полета и презир кон површината на земјата.

Тој гест, на човек со ширум отворени раце, кој во секоја секунда е спремен да полета, го прави Тоше уметник во најчистото, посветено, значење на зборот. И покрај тоа што самиот се сомневаше во сопствената уметност (иако големиот сомнеж токму е карактеристика на големиот уметник), ми се чини дека никој на нашава културна сцена со таква посветеност не ја живееше својата уметничка страст. Така што, и од тој агол, на посветеноста и предаденоста на своето дело, Тоше Проески може да биде блескав пример за помладите, но и прекор за сосема застарените сфаќања за културата и уметноста, сфаќања кои кај нас се' уште преовладуваат.

Се надеваме, значи, дека брзината, посветеноста, страста, вештината, љубезноста, љубопитноста и трудот, особености кои толку благородно се сплотуваа во нашиот сега веќе митски пејач, нема да останат скината страница, туку дека ќе станат нови важни генерациски обележја кои ќе ја променат уморнава земја.

Утрински весник, 24.10.2007

Да не загинеше Тошо ќе

Да не загинеше Тошо ќе требаше ние да го убиеме, само да се снабдиме со мит за идентификација и напредок.

Одлична размисла.

Одлична размисла. Сочувствувам.

ех тој тоше, ех тој тоше, и

ех тој тоше, ех тој тоше, и денес тој е пак во гропче!
катастрофа, бљувотина. принцот на киот умрел пред години, голем кур

Авторот одлепил...Или пак

Авторот одлепил...Или пак само се шали...

Поидиотски коментари немам

Поидиотски коментари немам прочитано, господ знае дали треба да се бришат, или да се остават да сведочат за човечката глупост.

 Многу чудно, ама ниту во

 Многу чудно, ама ниту во најлудите фантазии не помислував дека окно.мк е посетуван од луѓе кои имат толку малограѓански речник, како овие погорниве. 

Tekstoe bajato i negovoto

Tekstoe bajato i negovoto postiranje e nekreativno od deneshna perspektiva - tri godini podocna. Ako vekje se zboruva i teorizira za nekakvo vlijanie i mit , polezno e da se napishe nov tekst , zashto vo poslednite 3 godini perspektivata se promenila, ili barem treba da e promeneta vo ramkite na opshtestvenite postavenosti koi se analiziraat so pomosh na istiot (nadopolneta ili shucurena, se' edno). A reprint-ovite, teshko mozat da ponudat neshto povekje od bajati sentimentalnosti.
Toa e makata na makedonskata intelektuala. Nikako da sfati deka ne moze da s e teorizira i  "intelektualizira" so copy paste i reprintovi. Stanuvalo zbor za "kicot" Toshe ili na "ne kicot" Bajron, se edno. NE se nudi nova perpektiva, novo osoznavanje... pa koja i da e temata, koj i da e agolot koj go fakja avtorot. I ottuka cinam vpecatokot (opravdan) na del od pogornive diskutanti.
 

Постов е препорачан на

Постов е препорачан на насловната на Пинг.мк.

Текстот на Гелевски за Тоше е

Текстот на Гелевски за Тоше е извонреден и ќе остане како ретко добро четиво, анализа на еден современ мит, но со многу емпатија и чувства, токму како што прилегаше на моментот. Мислам дека споредбата со Бајрон, во контекст на брзината на младоста, е многу соодветна. Мошне поетични се и фигурите на танцот и летањето... Благодарна сум и за етимологијата на персона, пер-соно, со глас...
За жал, во нашата земја младината како да е мртва и без глас... Освен ако како глас не ги сметаме идиотските и еднолични како бруење коментари на загадувачите на јавниот простор...

До анонимниот идиот (и до

До анонимниот идиот (и до неговите другарчиња по имбецилност): која е твојата мака, нарцистичка глупердо?! Како три години не успеа да срочиш смислена реченица (а камоли текст!) за кичот или некичот Тоше?! Што чекаш, десетгодишнина од смртта?! Ти си, заедно со другарчињата, Анонимен, со своите тупаџиски а бескрајно празни коментари, токму репрезентативен примерок на таа ужасна мрчаторска стока (не, ѓубриво, всушност, под кое нит флора нит фауна дише, ѓубриво од гомна) со која е прекриена земјава до недишење. Во клозет ли ве прават, со таква карма, секој цвет да се изгази, секое бисерче (свињски) да се полапа?! Добро е што ве оставиле со коментариве (мада тие намази од гомна во нормални средини веднага треба да се бришат) ко уште едно мрачно потсетување каде живееме...

 Секоја чест за текстот.

 Секоја чест за текстот.

поздрав до могли (вториот

поздрав до могли (вториот коментар) и што побрзо да си побара психијатар... а и да не заборавам, да му се забрани гледање цртани филмови пошто лошо делуваат на неговата психа. тешки будали шетаат по земјава, некад се прашувам зашто ваквите не ги абортирале иако е Божји грев.

Општеството е парализирано а

Општеството е парализирано а младите како ништо да не прават да се извлечат од тоа мочуриште. Ним им треба светол пример, и во таа смисла апсолутно се согласувам! ТОШЕ е легендата која треба да живее. И мислам дека ќе живее, без разлика дали интелектуалци како нас го тематизираат или не.
Прво затоа што ТОШЕ делуваше од принципот на Љубов.
Второ затоа што знаеше што значи Занос
Трето затоа што имаше Посветеност кон својата работа.
Кога ние како младина, и како интелектуалци би поаѓале во својата работа, без разлика дали е уметничка, интелектуална, или груба физичка од овие принципи.. .тогаш земјата нема да тоне. Онаму каде што има луѓе кои делуваат преку принципот на срцето, и од принципот на Љубов, како што тоа очигледно го правеше наш Тоше, таму нема место за мочурливи и изгниени препелкања на група егоистични робовалдетели. 
Секој треба да се замисли над ликот на Тоше, и да го чува како критичар на квалитетот на својата работа. Затоа што неговата љубов кон луѓето, желбата да помага, желбата да живеево занос, во одушевување, во среќа, беше основниот двигател за добрата уметност. Сите сме свесни дека повеќето од неговите песни се балалајки. Па сепак, допираат, и остануваат во нашите срца засекогаш.
За споредбата со Бајрон не би се сложила. Бајрон е Супер Нова! Согорувачка снага чија страст е речиси неповторлива. Сепак поетиката на Тоше е од друг вид, според мене. Ама добро е конечно да се слушне споредба на еден наш Великан, со некој што е толку неповторлив, како што е Бајрон :)

Ванета, одлични ви се

Ванета, одлични ви се заклучоците, на трага на текстот... Но, треба да ви се појасни: не се прават квалитативни или други материјални споредби меѓу Тоше и Бајрон, туку споредбата е историско-симболичка и нејзина суштина е феноменот на брзината и младоста. Тоше низ животот јуреше триста на сат, а така и загина. Тоа е суштината на споредбата. Еве го уште еднаш делот од текстот на Гелевски:
...Бајрон со својата прерана смрт (умира на 36 години) како да навестува една сосема нова ера, на брзината и на поинаку сфатениот простор; Бајрон умира 1824 година, а првата патничка локомотива се појавила 1825-та. Бајроновиот дух, забележува Камил Паља, како да се преселил во брзата машина. Бајрон и самиот бил свесен за својата брзина и за својата ветровитост; брановидното треперење на ливадата е невидливо чекорење на ветрот; развигорот што Бајрон го еманира е оној дух на младоста што ја проветрува историјата и што толку многу ќе влијае на европската и американската култура.
Како што вели Паља: „Русо го измисли современиот култ на детството; Гете го популаризираше Русоовиот адолесцент со каприциозни расположенија. Но, Бајрон беше оној што ја создаде гламурозната, секси младина со дрска, пркосна енергија, новото отелотворено во харизматичното сексуално лице. Во таа смисла, Бајрон ја навестува новата доба на брзината. Младоста е брзина во чувствено минлива форма”.

ок ок... може стои до

ок ок... може стои до некаде....Сепак, има нешто, што можеби пак може да се открие и во самиот текст: Бајрон беше оној кој ја создаде гламурозната, секси младина со дрска, пркосна енергија итн..
Сепак, тоа не е Тоше. Или за волја на вистината, Тоше е многу повеќе од тоа! Водеше брз живот, да, и загина млад, ама немаше ништо од онаа пркос и дрскост на Џемс Дин и останати неразбрани бунтовници. Едноставно Тоше е класа повисоко од овие вжештени младичи. И во таа поинаквост, ја обедини, како никој пред тоа, завојуваната Југославија. Направи и босанец и србин и словенец и албанец, сите подеднакво да жалат над неговата смрт. А да не зборуваме за тоа дека сите подеднакво, и интелектуалците и работничка класа, и политичари и уметници, и криминалци и сељаци, сите подеднакво ја сакаат музиката на Тоше.
 
Тоа е феномен. За кој треба да се размислува, да се медитира подлабоко, и да се бара длабоко во нас, што е тоа што Тоше го имаше, што ги обединува сите, сите луѓе?!
Во таа смисла... бунтовникот Бајрон и неговата огнена енергија би ги ставила во друг кош. Ако е така зошто не го споредите со Рембо? или со Јесенин? 

ок ок... може стои до

ок ок... може стои до некаде....Сепак, има нешто, што можеби пак може да се открие и во самиот текст: Бајрон беше оној кој ја создаде гламурозната, секси младина со дрска, пркосна енергија итн..
Сепак, тоа не е Тоше. Или за волја на вистината, Тоше е многу повеќе од тоа! Водеше брз живот, да, и загина млад, ама немаше ништо од онаа пркос и дрскост на Џемс Дин и останати неразбрани бунтовници. Едноставно Тоше е класа повисоко од овие вжештени младичи. И во таа поинаквост, ја обедини, како никој пред тоа, завојуваната Југославија. Направи и босанец и србин и словенец и албанец, сите подеднакво да жалат над неговата смрт. А да не зборуваме за тоа дека сите подеднакво, и интелектуалците и работничка класа, и политичари и уметници, и криминалци и сељаци, сите подеднакво ја сакаат музиката на Тоше.
 
Тоа е феномен. За кој треба да се размислува, да се медитира подлабоко, и да се бара длабоко во нас, што е тоа што Тоше го имаше, што ги обединува сите, сите луѓе?!
Во таа смисла... бунтовникот Бајрон и неговата огнена енергија би ги ставила во друг кош. Ако е така зошто не го споредите со Рембо? или со Јесенин? 

 До хигиенски настроениот: не

 До хигиенски настроениот: не се дразни како надркан камионџија, автору. Пробај да излезеш од ВМРОвската  „што ти не напишеш подобро, критичару“ или „што ти чекаш“.
Ти си интелектуалецот. Ти си јавниот осмислувач . Од тоа живееш, па поради тоа е смешно кога се влечеш на популарни теми кои претходно не те интересирале, и попатно си толку мрзлив па истиот „прекрасен“ текст ни го нудиш под нос секоја година како за дневникот на Тито да станува збор. Јас не пишувам, ниту земам пари за тоа. Тебе те нарекуваат интелектуалец и теоретичар. Покажи се како таков. И да ти шепнам една мала тајна: пцовките не се тоа, убавецу. 
Со почит, 
Идиотот

ОкоБоли главаВицФото