зимски аџилак

16.04.2019 11:34

Слушам рој пчели
на долг зимски аџилак

низ земја кај што диви цвеќиња
речиси не постојат;

го слушам момчето
како шушка во трските;

го слушам девојчето
во сива венчаница;

ги слушам рибите, крвта и мразот како се зафаќа,
шарените дождови и снеговите;

но тебе, и покрај тоа што из’ртувам уши
по сето тело, небаре барички

што се мрешкаат во ноќта,
никогаш не те слушам.


Превод: Благородна Богеска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото