Адам и Ева

21.10.2010 10:48
Виц икона

По состанокот на европските државници во Париз, истите решиле да го посетат музејот Лувр. Застанале пред сликата „Адам и Ева“ на Дирер, и развиле дискусија.
Ангела Меркел рекла:
- Погледнете ја нејзината витка става, неговото атлетско тело. Сигурно тоа се ликови на Германци!
- Невозможно, - рекол Саркози – погледнете го само ертоскиот набој меѓу нив... Таа е толку женствена и грациозна, а тој толку мажествен. Се обидува да ја заведе. Сигурно се Французи!
Гордон Браун рекол:
- Никако! Погледнете ја само смиреноста на нивните лица, префинетоста во изгледот, кралскиот шарм во нивните движења... Мора да се Англичани!
Најпосле проговорил и Груевски:
- Воопшто не се сложувам! Погледнете подобро: обајцата се голи и боси, немаат покрив над глава, имаат само едно јаболко, а мислат дека се во рајот.
Нема сомнеж, тоа можат да бидат само Македонци!

ОкоБоли главаВицФото