1014 hPa
61 %
23 °C
Скопје - Пет, 17.05.2024 18:38
...да биде детинесто и тромаво утро
Низ кое, прекршувајќи се,
Светлината ќе шушка како сув лист;
И во одајката да мириса
На долго острени моливи
И на неначната хартија;
Од мисли, од љубов
Ил‘ од сон разбудена
Весела, замелушена,
Да наврам едно алиште
И со голи нозе во чевлите
Да излезам замајана на улица,
Па да запрашам, сета блажена:
Да не знаете која година сме?
Препев: Лидија Димковска