1009 hPa
78 %
20 °C
Скопје - Чет, 02.05.2024 17:59
СЛОБОДАТА И ЗАПАДОТ
Човечката слобода... најпрвин го опфаќа внатрешниот домен на свеста, изискувајќи ги слободата на совеста во нејзината најширока смисла, слободата на мислите и чувствата, апсолутната слобода на чувствување и мислење за сите прашања, практични или спекулативни, научни, морални или теолошки. Ниедно општество во кое овие слободи не се целосно почитувани, не е слободно, ма каква да е формата на неговото уредување. Кога целото човештво, освен еден човек, би имало исто мислење, човештвото не би имало нималку повеќе оправдување да го замолчи тој еден човек отколку што тој самиот, кога би имал власт, би имал оправдување да го замолчи човештвото.
Џон Стјуарт Мил, За слободата (1859)
Главните достигнувања на модерниот Запад кои сеуште носат снажна општествена порака се:
Марвин Пери, „Интелектуалната историја на Европа“
***
За целиот незападен свет слободата не беше пожелна цел. Други идеали и вредности беа и сеуште се поважни: потрагата по слава, чест, моќ за себе и за кланот, национализмот и владетелската големина, милитаризмот, пиететот спрема предците, нирваната, ширењето на 'вистинската вера', хедонизмот, правдата, еднаквоста, материјалниот напредок - списокот е бесконечен. Но, речиси никогаш, вон контактите со западната култура и нејзините влијанија, тие вредности не ја вклучуваа слободата.
Орландо Патерсон, „Слободата во создавањето на западната култура“
Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Мирјана Лозановска и Александар Јосифовски
Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.