ЕУ река (20): Крлежа за „Бурето барут“

22.01.2020 12:50
ЕУ река (20): Крлежа за „Бурето барут“

 

Стариот свет е на умирање, новиот никако да се појави, а од сенките извираат чудовишта.
Антонио Грамши


„БУРЕТО БАРУТ“

Мирослав Крлежа во една од своите „99 варијации“ дава интересен поглед на двете балкански војни, првата во која Турција е протерана од Балканот, и втората, во која Грција, Бугарија и Србија се борат за територијата на Македонија:

„Уште не се беше осушила кумановската крв, а само осум месеци подоцна битката на Брегалница како од џиновски топ ги разнесе сите лирски илузии за коишто цели јужнословенски поколенија беа убедени дека се елементи на нашиот народен опстанок. Во чадот и пожарот на брегалничката битка (во јули 1913) ние научивме дека циничниот макијавелизам на малите балкански династии е стварност, а партитурата на Лисински, илирските фантазмагории, џаковачката идила или носталгијата по Призрен - дека се само пуста реторика. Салдаконтото на европските банки, од Санкт-Петербург до Берлин и Париз, ги ломбардираше кумановските симболи во своја корист, а нам (енгелсовски) ни објаснија дека со светот не владеат сопочанските фрески, туку банките, кралевите и топовите. Се најдовме пред пред ленински ’чудествено одвратниот’ слом на европската цивилизација, на империјалистичкиот магнетен пол на војни и колежи, кои оттогаш траат четириесет години сѐ до денот денешен.“

***

Мирко Ковач: „За нас е важно тоа што ни го порачува Крлежа, да не испаднеме смешни во светот на постројувањето, теророт, трлата, криминалот, идеолошкото насилство, догмите, да јадеме трици и ’среде ѕверското дерење’, среде животот како разбојничка ледина да си глумиме писателчиња и апсурдисти.“

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Димитар Грчев
Илустрација: Leonard Raven-Hill (1867–1942) - „Европското буре барут“ (објавено во Punch на втори октомври 1912.)

Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото