Песна со многу бројки и едно име

14.04.2020 15:46

Нов ден во кој се пребројуваат жртви
Толку заразени толку отпуштени
Колку оздравени а колку се мртви
(Се бројат дури и колку се опуштени)

Ги броиме земјите кои се пред колапс
(Смалените плати на фудбалските диви)
Парчињата од вчерашниот колач
Неоткупените сливи од нечии ниви

Броиме денови откако сме дома
Броиме завери баби жаби шифри
(Што сè ни собрало во нашиот стомак)

И додека сè се претвора во цифри
(Кои есапат загуба добивка штета)
И вчера умрела нечија Лаурета

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото