Кој ја злоупотреби полицијата за упад во А1?

26.11.2010 13:06
blokada.jpg

Вечерва бев во ГЕМ, имавме дебата со Фуере. Таму дознав дека има полициска опсада на А1. После дебатата, заедно со неколку познати отидовме да видиме што навистина се случува. На свои очи најубаво верувам.

Еве што видов.

- Десетици полициски возила околу А1

- Кордон од полицајци на влезот

- Десетици новинари на А1 пред влезот кои бараат да влезат покажувајќи легитимации

- Полицајците не им дозволуваат да влезат

- Еден од новинарите ме препознава и ме кани да бидам гостин на отворената програма

- Прифаќам, и заедно со него се обидуваме да влеземе

- Им соопштувам на полицајците дека сум поканет како гостин и сакам да влезам во телевизијата

- Полицајците ме спречуваат

- Во моментот кога полицајците се вмешуваат во моето право да гостувам на ТВ, барам од нив да ми образложат зошто не ме пуштаат

- Никој ништо не кажува

- Тогаш се повикувам на етичкиот кодекс на полицијата и барам да ми кажат која е основата на нивната полициска интервенција, зошто ме спречуваат да гостувам на А1

- Никој ништо не одговара

- Барам од полицајците да кажат дали имаат сомнение дека е ивршено некакво кривично дело (никој ништо не кажува)

- Барам да кажат дали имаат судска наредба за блокадата на А1 и да покажат судската наредба, но никој од нив ништо не кажува

- Барам од полицајците да се легитимираат (имам законско право да побарам такви нешто, кога полицајците вршат полициска интервенција во која сум засегнат)

- Полицајците не се легитимираат

- Залудни се сите повикувања на уставот, законите и човековите права

- Го препознавам покрај мене Коле Чашуле, главниот уредник на „Време“, кој е исто така спречен да влезе во својата редакција, како и неколку други новинари

- По 10-15 минути убедување и натегање една новинарка со микрофон и камера доаѓа од внатрешноста на телевизијата и почнува да ме влече за рака, викајќи дека сум поканет како гостин во отворената емисија

- Дури тогаш ме пропуштаат, откако некој издаде наредба да ме пропуштат

Ете така влегов. Во телевизијата имаше политичари од речиси сите опозициони партии, новинари од разни редакции, пратеници, активисти од повеќе здруженија. Сите беа дојдени да изразат солидарност затоа што беа загрозени основните човекови права. Сите прво ги малтретираа на влезот, а дури после многу натегања само некои ги пропуштаа.

Кој го направи „театарот“? Тој што издал наредба со полициски кордон да се блокираат новинарите и нивните гости.

Тој што издал наредба специјални полициски сили да постават блокада кај железничкиот премин во Маџари.

Вакви прекршувања на човекови права се карактеристични за диктаторски режими.

Џони Вокер, будало, брљата ти

Џони Вокер, будало, брљата ти ги спржила сивите клетки! Па, јасно е ко ден дека груевизмот = латасоиди = српски безбедносни служби ама од стариот милошевиќ ков (кои го имаат под контрола јакиот „бизнисмен“ Митровиќ). И мало дете ја знае поврзаноста! Латас е најголемиот српски политички турбофолкер во земјава! Капираш, Џони Вокер?! Зашто на груевизмот му треба српска турбофолклоризација на Македонија?!
Башка, таа турбофолклоризација во голема мера веќе е извршена, Алфа беше само вишна на тортата, со еден удар две муви...

Ги молам управителите на

Ги молам управителите на сајтот да го избришат коментарот на Информиран затоа што е крајно навредлив и фашизоиден. Се надевам, тоа нема да им претставува проблем бидејќи имаат лесна рака за бришење коментари.

 Ahaha HAHahaha И дождов што

 Ahaha HAHahaha И дождов што врне надвор е дело на Грујо, да ги растера демонстрантите од пред А1.
Вие сте отишле скроззз со паметот, каква е оваа параноја? Кој српски тајни служби несреќо, своевремено го обвинувавте вмро дека соработувал со ХДЗ и хрватските тајни служби за рушење на србија и милошевоќ, а сега дека соработувал со остатокот (можеби легија кој е во затвор или не?) од неговите тајни служи.
Вие сте изгубени у превод и простор, немате ориентација а губите и гравитација! 
 

 Таа турбофолклоризација, ако

 Таа турбофолклоризација, ако можам да забележам, е прилично форсирана од А1, нашиот светилник. Што праиме сеа?

 Девизи и денари, спакувани

 Девизи и денари, спакувани во кеси и картонски кутии, од "Перо Наков" бб, патувале до Чаир. Во стан на еден од управителите на фирмите од "Перо Наков", полицијата освен стотици илјади евра пронашла и компјутери.

 Кој ги носел парите, ќе покаже истрагата. МВР тврди, доказите биле вадени од просториите, додека инспекторите биле држени во други простории.
- Биле изнесувани од А1 додека инспекторите беа изолирани, од страна на возачи биле носени сите овие пари и компјутери. Сите сознанија се документирани и по консултациите со обвинителството и ќе следува пријава, вели Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.
За првиот човек на МВР, синоќешните случувања се обид за несмасна манипулација со јавноста, повторно поддржани од сорос и сдсм со фабрикувани обвиненија. Полицијата, тврди Јанкуловска, била на "Перо Наков" бб, поради барањето за асистенција на финансовата полиција и УЈП, кои со судски налог вршеле контрола на фирми регистрирани на адреста, од кои ниту една не е поврзана со радиодифузна дејност.
- Дали медиумот и новинарите знаеле дека таму функционираат повеќе фирми, дали медиумот и новинарите знаеле дека се работата работи кои ќе бидат предмет на докажување, дали знаеле за малверзациите и дали медиумот и новинарите застанале во нечиј интерес, спротивно на новинарскиот кодекс. Зошто кога беа информирани што се случува не им дозволија на полицајците да си ја завршат работата, прашува Jанкуловска.
Министерството за внатрешни досега не добило ниту една пријава за напад од страна на  полициски службеник.
Доколку  некој пријави дека бил нападната, полицијата ќе постапи по случајот и доколку се докаже ќе има санкции велат од полицијата.
За сите случувања, полицијата деновиве најави дека ќе достави докази, фотографии и видео снимки, не само до меѓународните претставници, туку у и до сите меѓународни новинарски здруженија и до советот за радиодифузија.
Иван Кузмановски

...Не да е форсирана...

...Не да е форсирана... Речиси целиот македонски медиумски простор е сотрен. Буквално живееме во време на идиотизација на гледачите и читателите... Така Македонецот го сфатил капитализмот, за жал... Ко произведување бофл роба и ко коленичење пред газдите и пред нивните газди, политичарите...

А богами и НВО секторот е

А богами и НВО секторот е исто срање. Кољо Коленчи Пред Кумот Милчин Милчин а Кумот Пред Папата. 

Пари во вреќи и картонски

Пари во вреќи и картонски кутии е само повотрување на историјата, каде политичари во тренерки ги изнесуваа парите од ТАТ.
 
МАТ !!!

 А вака ли е ГЕМ дистанциран

 А вака ли е ГЕМ дистанциран од СДСМ:
http://www.facebook.com/photo.php?fbid=453564377819&set=a.217895652819.140423.122143557819
 
?

Вака со линии цела Македонија

Вака со линии цела Македонија можеш да ја споиш, а на врвот на фамилијата да го ставиш и Исус лично со тенка црвена линија поврзан со Бранкота!

Билобил, не ми се верува дека

Билобил, не ми се верува дека со толку глуп! Што покажува органонот? (или како веќе се вика матурската слика) А да ги стаеше горе Џорџ Сорос, Џорџ Вашингтон (Или Дензел Вашингтон, нема везе) и Нечестиовиот со опаш - ќе имаше некоја разлика?! А да те стаиме тебе таму, Билобил, со Грујо, со кумот Ставре и братучедот од ДБК - што ќе докажуваше тоа?! Абе не ми се верува дека одите по умот на архиидиотот Бичиклиски!Мислев дека Бичиклиски служи за подјебавање во земјава, дека намерно го измислиле да развеселуе народ - а оно народ веруе... Или само ти, Билобил, со својот на Окно прославен пилешки мозок?!

Ма немој?? :))) Уз пат, што е

Ма немој?? :)))

Уз пат, што е со навредиве бе? Еве, никој не се буни, спремајте и вие еден таква матурска слика, па да види народов како функционира „фамилијата“, не? Што чекате ако имате материјал? Ајде!

А навредите одамна не се контрааргумент. И граѓаните тоа го контаат. Не гласаат ниту придаваат значење на луѓе без основно домашно воспитување и без елементарна култура (евидентни карактеристики на секој твој коментар). Тоа е, жалам. Со претање навреди, до тука. Повисоко јок. Едино сам себе да се навредиш па да одглумиш жртва, ко новинаркине на А1 што сами себе се натепаа у ходникот пред очите на целата јавност, хахаха! :D

И што се пријавени како пакувачи на смоки. :D
И што снимаат на неотпакувани ленти. И што никој не можеше да влезе ОСВЕН цела Опозиција и ГЕМ. :D

Џони Вокер, за евидентната

Џони Вокер, за евидентната турбфолк србизација на ДПМНЕ во неколку наврати зборувал и пишувал основачот и долгогодишниот шеф на сегашниот пресветол лик на пастирот, Љубчо Г. Ама и да не се пројавеше Љубчо, евидентни се релациите меѓу (главно опскурните политички подземја на) двете „републики“.
Исто така, Џони Вокер (со спржениот мозок од отровните шљивовици), дури и некој политички аналфабет јасна му е големата улога што српските служби (и тоа баш оние опаките, поврзани со Милошевиќ ја имале во современата (па и во не толку современата) историја на МК.
А играчот се знае. И синоќа можевте да видите, уживо, која е сржта на некогашната славна организација: Латас. Бог и атина ВМРОА, бре! Него како! Тој факт доволно збори и за сегашното ниво на ВМРО, а богами и за човечките ресурси на груевизмот...

Приказна од несовршената

Приказна од несовршената иднина
Решил Ж да оди на Таксират.
20 минути чекаше во гужвата, а откога влезе во халата веднаш се упати кон првите редови близу бината. Таму го најде другарчето К и веднаш му се пожали:
- Бев спречен и оневозможен да влезам. Нема демократија. Уаа. 
- У право си човече. И ја бев спречен да влезам. - рече К. 

 tuceto pestotki (evra) od

 tuceto pestotki (evra) od onie zaplenetite, posebno me bendisa mhmmm :))

 Тоа беа платите на

 Тоа беа платите на вработените ...

 jas pa mislev za renoviranje

 jas pa mislev za renoviranje na stanot bile
aj jebiga sum bil greska..

 na 4 dekemvri protesten

 na 4 dekemvri protesten marsh za zashtita na kriminalot na velija,

dali vie od GEM ke propeshachite vo prvite redovi???

Во земја со дебилна власт,

Во земја со дебилна власт, Велија е борец за правда :(

 Velija e borec za svojot

 Velija e borec za svojot kriminal!!!!

 

Ниту Чак Норис неможеше да се

Ниту Чак Норис неможеше да се спротистави на бруталноста на полиција, и Чак ќе присуствува на маршот за демократијата
 

Пада Влада

Пада Влада

 Nitu 100 policajci nemozat

 Nitu 100 policajci nemozat da gi izbrojat smokite na Velija

Ниту Чак Норис не би можел да

Ниту Чак Норис не би можел да биде претставник на Европската унија во Скопје, а да не биде најомразениот лик на изродбениците..

 Bashka, zborite za policiska

 Bashka, zborite za policiska brutalnost..

KADE bevte da se pobunite koga policijata gi tepashe navivachite na MZT i Rabotnichki vo salata boris trajkovski i pred nekoj den vo Kavadarci bez nikakva prichina!!!!.. pendrachenje, krv skrsheni nogi i  glavi pomodreni tela...sto znaete vie sto e policiska brutalnost..pederchinja...ili vie ste novinari A nie obichni luge sto go sakame sportot?! 
Vasheto licemerie nema granici, zatoa i ke se vratite na vlast...verojatno nikogas!

Во целиот хаос што повеќето

Во целиот хаос што повеќето немо го следевме по телевизииве, имаше толку многу чудесни акции и реакции што истовремено и ме згрозуваа и ме плашеа...
Со едноставно одговарање на самите полицајци на новинарските прашања зошто се тука, немаше да ескалира целата ситуација. Што и да прават, ако е законски нека повелат, но мора де се знае цел на нивното присуство. Доволно беше да се даде изјава дека е во те финансиска проверка на фирми на иста адреса. Било кој од нас, новинар или не ќе реагира доколку униформиран припадник на МВР на искачање од работа му побара документ за идентификација и почне да запишува податоци без било какво објаснување!
Смрди во најмала рака!
Во вториот чин на дешавањата со брзина на светлината, дојавуваат „видни“ политичари од типот на Љубе из Пуле и со добро увежбано поздравување на народот со благо крената рака и филмска насмевка влегува директно во етер во емисијата „Вашите пет минути“.
Такви имаше многу! Жално! Стој мирно од страна и немо поддржувај! Новинарите бараа пријатели а не злоупотребатели!
Мојот личен став е дека во студиото требаше да бидат повикувани граѓаните а не јавните личности. Сите Вие, народот го заборавате.
Да, полицијата не ги пушташе новинарите, но ги пушташе пратениците (имаат имунитет) кои дефакто таму беа само за себерекламирање.
Кулминација на глупоста и мороидноста е одлука на високи званичници да се појача безбедноста! Доста ни ја навредувате интелегенцијата! Ако видиш дека работите искачаат од контрола, повлечи се, не долевај масло! Праќаат со цел ум полиција со шлемови и штитници! Против кого?!?!? На невидено?
Процес од Кафка е детска белешка за сценаријата во нашата земја.
Одете си ВМРО ако имате трошка свест! СДСМ, оставете го народот да земе воздух! Не може човек веќе ни револт да искаже да не му се залепат исполитизирани пијавици!
Немаме ни време ни желба да бидеме дел од двопартиско владеење. Нам ни требаат сите што не се партиски обоени-ни требаат луѓе-Македонци.

Да ве информирам, почитувани

Да ве информирам, почитувани читатели и соговорници, дека избришав осум навредливи коментари. Некои беа споени, па отидоа јабана заедно со почетниот предизвикувачки хејтерски коментар. Така што, ви препорачувам, на оние кои стварно сакаат да водат расправа, да не се закачуваат, со подкоментар, на евидентно навредливи коментари, оти постои ризик да бидат избришани.

Со благодарност за разбирањето, поздрав!

 Здраво, ја почитувам желбата

 Здраво,
ја почитувам желбата на Окно да ја прикаже реалноста, но сепак мислам дека во ова време на целосна исполитизираност е потребно да се споменуваат двете страни на медаљата, а не цело време да се куди сегашната власт. Јас не сум ниту ВМРО, ниту СДСМ, јас сум разочаран граѓанин, кому му се презентираат единствено следните работи: „ТОЈ Е КРИВ, НИЕ СМЕ ДОБРИТЕ„ Со такви пароли победуваше и Милошевиќ кој цело време ги добиваше гласовите заради неговите пароли дека другите се криви а ние сме добри. Малку себекритичност е потребна, а тоа ни фали нам многу.
Јас едноставно сакам квалитетна политичка програма ставена на хартија, а не лажги од типот, тој е крив, а јас сум подобар. Сакам прагматични факти зошто некој е крив а зошто другиот е подобар, кога веќе се куди, мислам дека треба да се каже зошто се алудира на тоа дека нешто друго е подобро. Сакам да видам што ќе направи едниот, дали ќе даде отчет. Сакам закон за моментална промена на политичарот доколку не се покаже дека не се остварило она што го ветил.

Сега да прокоментирам за настанот во А1. Мислам дека единствената негативна работа во таа полициска акција беше начинот. Односно мислам дека требаше да оди потранспарентно и да дојде до разделување на работите со тоа што нема да се креваат циркуси од македонски тип. Мајмунлаци. А1 од позиција на жртва ќенкаше и стењуцаше, а полицијата наместо малку тактички да настапи ќутеше.
Од една страна многу е добро што се направи бука за настанот во А1. Точно е дека А1 ТВ беше спречена да си ја врши работата, но мора малку критички да се погледне и врз фирмите кои биле регистрирани на таа адреса. Затоа, не би можел да се согласам целосно со написите кои се објавуваат на А1ТВ. Јас не мислам дека А1ТВ е објективна. Зошто А1 не објави ништо што е против тие фирми? Значи тука исто така има нешто нетранспарентно. Јас мислам дека А1 тв е приказот на работите видени од очите на една личност која цело време пцуе против власта. Јас не ја бранам власта, туку велам дека кога веќе по некого се пцуе, мора да се биде сам кадарен за да се пцуе.
Проблемот е таков што не е само А1. Такви се сите медиуми. Сите статии и емисии можат да се гледаат низ призма на една политичка партија. Од авион може да се воочи дека се бараат сведоци кај едните за да се кудат другите, и други поволни сведоци кај другите за да се кудат првите. 
Така што, ако не бидеме малку себекритични, ништо нема да се подобри. 

Ете тоа е моето мислење и не сакам никој да се навреди. Оти тоа е вистината!

 Bez mnogu filozofiranje,

 Bez mnogu filozofiranje, najdobro za demokratijata bi bilo da se samoraspushtite da ne recam da se samozapalite, se vo znakot na objektivnoto informiranje vo makedonskiot mediumski prostor. Vaka korumpirani vie ste samo robovi na onie koi ve plakjaat, a so svoeto deluvanje samo go potcenuvate intelktot na narodot i go truete so svoite vabrikuvani, plateni so crni pari, LAGI!!!!!
sraaam ve bilo!!!!

 Ало луѓе знаете што е IRS во

 Ало луѓе знаете што е IRS во Сад? Internal Revenue Service или по нашки Даночна Служба.
Е ајде малку разлислете што би се случило ако некоја фирма или поединци си дозволат да ја опструираат во работата оваа служба??? Истото ваши и за европските служби.
Не само што нема да продолжите со вашиот бизнис туку ќе треба и континентот да го сменити ако сакате да продолжите со работа.
Значи прво доаѓа Господ па Даночната Служба, ќе седите ќе ќутите и ќе им ја дадете цела документација што ќе ви ја побараат и ќе прашата да не треба уште нешто. Ал Капоне го јаде дрвото од даночната а не некој си кокошкар Велија...
Во акцијата во објектот на А1 јас ја наоѓам виновна полицијата , ако некој оневозможува проверка на финансиско работење, па уште и се мајтапи со инспектори ги шета горе-долу, па некакви си новинарчиње глуматаат...во секоја нормална демократска земја се превзема акција каде се блокира целиот објект, 200 метра околу објектот и пиле не смее да прелета, а ако на некој му пљампа муцката му се затвора и се приведува.Ете оваа е процедурата во една нормална  најдемократска земја каде владее правото. Е се додека ова не се случува кај нас нема да имаме држава, ќе си бидеме протекторатче каде секој европски чиновник ќе го прашуваме за мислење кое ќе биде догма за нас.
Е за овие човекови права треба да се борите драги Окташи и НВ организации,за правото на не дискриминација, како јас плаќам чесно данок така и Велија да плати....нели критикувате дека наместо за споменици од буџетот треба за по приоритетни работи да се потрошат парите, па исто така пресметајте колку лекови ќе се купат и колку школи ќе се реновираат ако пример Велија и сличните на него тајкуни си ги платат даноците према сопствената држава. 

sakam samo da gi pozdravam

sakam samo da gi pozdravam znaenite i neznaenite ljubiteli na crni kosuli, na pastiri, na ceci i slicni: SIEG HEIL !

I nie tebe te pozdravuvame so

I nie tebe te pozdravuvame so srdecen komunjarski pozdrav, koj i da e, i so zdravje da si gi trosis parite ot Sorоs.

 Браво за телепорт што

 Браво за телепорт што измисливет.Никој не можеше да влезе, а 100 души поминавте низ студиото.Се надевам дека барем Велија ќе ви фрли коска за глумата.

Во ГЕМ е нашата НАДЕЖ. :) 

Во ГЕМ е нашата НАДЕЖ. :) 

 Жарко Трајановски пред да

 Жарко Трајановски пред да влезе во А1 ги легитимираше полицајците и им држеше предавање за демократија и долично однесување. Не ни сакаше да влезе веднаш, поентата му беше да провоцира, и самиот го признава тоа во текстот што го пишува. Доаѓа од дебата во објект во кој се врши целосна финансиска контрола и се сузбива криминал и ги легитимира полицајците. Жаре те молам излажан си ко мало дете од врхушката на твојата организација. Биди искрен и кажи што очекуваш ако Бранко ја земе власта?

Ебате демократијата каде

Ебате демократијата каде пиљар како Велија треба да те брани...

 А драги независни експерти

 А драги независни експерти знаете ли дека снимање на инспектори за време додека ја работат својата работа е кривично дело? А независниве новинари се обидоа и да ги интервјуираат. :)

А згора на се прашај

А згора на се прашај сообракаен полицаец кој ти нареди овд да сопираш коли , ќе те казни со 18.000ден.
Тоа е разлика мегу простосмртните а великаните од алејата на демократијата.

Ретко се спомнува полицијата

Ретко се спомнува полицијата како проблем. Како и за Плоштад слобода и многу други слични настании (и доста постари). Се спомнува само како извршител на директна наредба од премиерот или партијата (што и не е премногу погрешно), но голем дел од проблемот мислам дека лежи и во самата МВР како институција, однесувањето на полицијата, свеста за нивната професија... Гледам дека дури е чудно ако некој граѓанин побара полицијата да се легитимира. Тоа според мене не само што не е чудно туку и едно поважно граѓанско право. Можеби 5 века аскер не навикнале да мислиме дека е во ред полицијата кон нас да се однесува како газда.
Ок, продолжете сега со Грујо и Бранко.

Еве, Велија си призна дека ги

Еве, Велија си призна дека ги насскал новинарите.

Џабе толку џафкавте.