Цртање под дејство на ЛСД

07.12.2010 15:46
Цртање под дејство на ЛСД

Овие девет цртежи се изработени од страна на уметник под дејство на ЛСД – како дел од тестовите кои американската влада ги вршеше додека се обидуваше да најде совршено психолошко  оружје во доцните 1950-ти години. На уметникот му била дадена доза од LSD 25 и слободен пристап до потребниот прибор за цртање.

1. Првиот цртеж е изработен 20 минути откако е примена првата доза (50ug). Пристуниот доктор забележува: „Пациентот одбира да започне со цртање со јаглен“. Уметникот, кој е субјектот на овој експеримент, известува: „Состојбата ми е нормална... засега нема ефекти од дрогата“.

2. Вториот цртеж - 85 минути по првата доза и 20 минути по втората доза. Пациентот изгледа еуфорично. „Можам да гледам толку јасно, толку јасно. Ова... Вие... Сè е толку... Имам мали проблеми со контролата врз моливот. Ми се чини дека сакам да продолжам.“

3. Два часа и 20 минути по првата доза. Пациентот е сосредоточен на цртањето. „Цртите ми изгледаат нормално, но многу живописно. Сè менува бои. Мојата рака ги следи дебелите контури на линиите. Се чувствувам како свеста да ми е сместена во деловите од телото кои сега се активни – раката, лактот... јазикот.“

4. Два часа и 32 минути по првата доза. Пациентот цврсто го држи парчето хартија на кое црта. „Се обидувам со друг цртеж. Цртите на моделот се нормални, но оние на мојот цртеж не се. Контурите на моите раце исто така се чудни. Не е многу добар цртеж, нели? Се откажувам – ќе се обидам пак.“

5. Два часа и 35 минути по првата доза. Пациентот набрзина почнува уште еден цртеж. „Ќе цртам во една линија... без да престанам... една линија, без пауза!“ По завршувањето на цртежот пациентот почнува да се смее, а потоа се преплашува од нешто на подот.

6. Два часа и 45 минути по првата доза. Пациентот се обидува да се качи врз кутијата со прибор за цртање, и неговите движења се отсечни, нервозни – бавно одговара на предлозите дека може да нацрта друг цртеж. Станува молчалив. „Јас сум... Сè... се менува... Тие викаат.... Вашето лице... Кој е...“ Пациентот мрмори неразбирливо некаква мелодија. Употребува темперни бои.

7. Четири часа и 25 минути по првата доза. Пациентот се повлекува во ќош, лежејќи цели два часа и мавтајќи со рацете во воздухот. Неговото навраќање на кутијата со прибор за цртање е ненадејно и намерно, и сега употребува пенкало и водени бои. „Ова ќе биде најдобриот цртеж, како првиот, само подобар. Ако не внимавам, ја губам контролата врз сопствените движења, ама нема, зашто знам, знам. (Ова „знам“ потоа се повторува многу пати). Пациентот ги нанесува последните неколку потези врз цртежот додека трча нагоре-надолу по просторијата.

8. Пет часа и 45 минути по првата доза. Пациентот продолжува да се движи по просторијата, испресекувајќи го просторот во сложени линии. Поминуваат еден и пол час додека повторно седне да црта – изгледа дека ги надвладејува ефектите на дрогата. „Повторно можам да ги почувствувам колената. Ова е многу добар цртеж – овој молив е многу тежок за држење“ (инаку, тој држи креон).

9. Осум часа по првата доза. Пациентот седнува на креветот во ќошот. Известува дека дрогирањето предизвикало изобличување на нашите лица. Побаравме од него да нацрта уште еден цртеж, што тој го стори со многу мал ентузијазам. „Немам што да кажам во врска со последниов цртеж, лош е и неинтересен. Сакам да си одам дома.“

Извор: dumage.com

Слични содржини

Свет / Теорија / Историја
Свет / Теорија / Историја
Свет / Книжевност / Теорија / Историја
Свет / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото